ИнтернационалциФудбал

Силекс по драматична пенал-серија остана без место во второто коло на Конференциската лига

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели



Силекс ја заврши европската авантура уште во првото квалификациско коло од Конференциската лига, откако по голема драма и изведување пенали беше елиминиран од белорускиот Динамо Минск. По победата од 1-0 на првиот натпревар, кратовци загубија со идентичен резултат на реваншот, а по продолженијата без голови, гостите славеа со 6-5 на пенали и обезбедија пласман во следната рунда.

Белорускиот состав уште во 16. минута успеа да ја анулира негативата од првиот натпревар. По центаршут од левата страна, топката незгодно отскокна пред голманот Љупче Џеков и заврши во мрежата за 0-1, резултат кој остана актуелен до крајот на регуларниот дел и продолженијата.

Силекс најдобрата можност во првото полувреме ја имаше преку Ефтимов, кој по центаршут на Пановски шутираше со глава, но не успеа да ја затресе мрежата. Во вториот дел домашниот тим беше поконкретен, а најголемата шанса ја пропушти Велиновски, кој само неколку моменти по влегувањето во игра излезе сам пред голманот Шимакович, но чуварот на мрежата на Динамо Минск одлично интервенираше.

Во преостанатиот дел од натпреварот двете екипи играа претпазливо, без поголем ризик, па победникот мораше да биде решен по изведувањето пенали.

Пенал-серијата беше неизвесна, а сите изведувачи беа сигурни до шестата серија. Тогаш Ангелче Тимовски ја погоди пречката, по што Владислав Калинин беше прецизен од белата точка и му донесе победа на Динамо Минск со 6-5.



Со оваа победа белорускиот претставник се пласираше во второто квалификациско коло, каде ќе се соочи со азербејџански Нефчи, додека Силекс го завршува својот настап во европските купови и покрај тоа што беше на чекор до пласман понатаму.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот во елитното друштво стигна до третата последователна победа, откако во натпреварот...

Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот со натпревар помалку, Пелистер и Брера најблиску, на дното Шкупи без бодови

По пет одиграни кола, со тоа што второто коло и петтото не се комплетирани, време е за првата „лупа“ на табелата во Втората...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!