Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот во елитното друштво стигна до третата последователна победа, откако во натпреварот со кој се комплетираше седмото коло славеше минимално со 1-0 против Скопје.

Единствениот погодок на средбата беше дело на Дашмир Елези, кој се запиша во листата на стрелци и се покажа како херој на тимот од Арачиново. Со неговата реализација Шкендија Арачиново освои нови три бода и продолжи со одличната серија резултати.

По седум одиграни кола, дебитантот има 13 бодови и се наоѓа на високото трето место на табелата, позиција која во овој момент носи пласман во европските натпреварувања. За тим кој за првпат настапува во најсилната македонска конкуренција, ваквиот пласман претставува одличен резултат и потврда дека добрата форма не е случајност.

Сосема спротивна е ситуацијата кај Скопје. По седум натпревари, тимот останува на последната позиција со само три освоени бодови и се наоѓа во опасната зона.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

Втора лигаФудбал

Пилешков го доби струмичкото дерби, Пројковска ќе им суди на Камјани и Кожуф, Качевски главен во Битола

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига се отвара утре со пет...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!