Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Сподели
Сподели



Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч.

Тимот на Кравари ја имаше највисоката победа откако со неверојатни 9:2 славеше над ланскиот шампион на Трета лига – Југозапад, Влазними од Струга на домашен терен.

Хакан Алимовски и Иве Трифуновски беа стрелци на по три гола, а по еден гол постигнаа Стефан Каревски, Сатни Сефедин и Божидар Гогачевски. За гостинот двоен стрелец беше Аљтин Лога.

Ланскиот второлигаш Преспа доживеа тежок пораз на домашен терен, откако во Ресен тимот на Чардак од Велгошти славеше победа 0:4. За гостинот стрелци беа Валентин Блажески кој погоди во 44. минута за водство од 0:1 на полувреме. Во вториот дел Христијан Речковски погоди за двојна предност, а со два гола на Антонио Ќитаноски, тимот од охридско Велгошти имаше 0:4.

Света Троица забележа победа од 4:0 во дуелот со Напредок од Ношпал, во меч каде хет-трик постигна Никола Угриноски, а стрелец на еден гол беше Никола Миткоски.

Екс второлигашот Караорман со 5:3 триумфираше на домашен терен над Могила со што трите бодови останаа во Струга. Домаќинот на полувреме имаше три гола предност откако Давид Спасески, Ненад Балоски и Ангел Крстески беа стрелци на погодоците за голема предност на полувреме.

Во вториот дел погодија и Давид Карамачоски и Насер Доко, а пак за гостинот двапати погоди Бојан Кантаровски, а еднаш Андреј Петровски.

Битолско реми за делба на бодовите меѓу Баир Спорт и Крошу Спорт откако двете екипи одиграа 2:2. Александар Ѓорѓиевски во 15. минута донесе предност за гостинот, а по четири минути домаќинот преку Рафаел Османов израмни на 1:1.



Во второто полувреме Баир Спорт имаше и предност преку голот на Игор Талевски во 50. минута, но радоста на домаќините ја украде Дарко Ѓуровски во 89. минута за конечни 1:1.

Колото беше отворено вчера со победата на кичевски Напредок над Демир Хисар, извештајот на Спортска Мрежа за овој меч можете да го прочитате овде.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!