Ракомет

Бутел Скопје мисли на иднината: Аврамовски и Симоновски потпишаа двегодишни договори

Сподели
ФОТО: РК Бутел Скопје
Сподели

Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува да инвестира во младите таленти, а најнови членови на тимот се Давид Аврамовски и Тома Симоновски, кои официјално ги ставија своите потписи на договори со скопскиот клуб.

Осумнаесетгодишниот Давид Аврамовски пристигнува од редовите на Аеродром, додека неговиот врсник Тома Симоновски, кој е и кадетски репрезентативец на Македонија, доаѓа од екипата на Мулти Есенс.

Од Бутел Скопје информираат дека двајцата млади ракометари потпишаа договори со важност од две сезони и ќе останат дел од клубот најмалку до летото 2028 година.

Со ангажманот на Аврамовски и Симоновски, Бутел Скопје јасно покажува дека покрај резултатските амбиции, сериозно работи и на создавање квалитетен тим за иднината, потпирајќи се на перспективни македонски ракометари.

Во новата сезона скопскиот состав ќе биде предводен од Стојанче Стоилов, со цел повторно да биде меѓу најконкурентните екипи во македонскиот ракомет.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!