Прва лигаФудбал

Тиквеш се пофали со потписот на српскиот дефанзивец Никола Влајковиќ

Сподели
Сподели



Македонскиот прволигаш Тиквеш продолжува со формирањето на ростерот за новата сезона, а најново засилување во редовите на кавадаречкиот клуб е српскиот дефанзивец Никола Влајковиќ.

Станува збор за 30-годишен искусен фудбалер кој веќе добро ги познава условите во македонскиот фудбал, откако претходно го носеше дресот на Струга Трим Лум, со која ја освои шампионската титула. Во Кавадарци пристигнува од бугарскиот прволигаш Ботев Враца, а зад себе има богата кариера и настапи во Србија за Јагодина, Нови Пазар, Раднички Крагуевац и Раднички Ниш.

Од Тиквеш истакнуваат дека Влајковиќ е искусен, борбен и докажан дефанзивец кој одлично ги познава предизвиците на балканскиот фудбал и домашното првенство, а неговиот професионален пристап, карактер и квалитет треба да донесат дополнителна сигурност во последната линија на тимот.

Во клубот веруваат дека српскиот интернационалец ќе биде едно од важните засилувања во сезоната што претстои и ќе придонесе во исполнувањето на амбициите на Тиквеш.

Инаку, кавадаречкиот прволигаш во моментов се наоѓа на подготовки во Турција, каде покрај одигрувањето контролни натпревари, стручниот штаб продолжува да тестира и други потенцијални засилувања пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.



Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со посебно признание за Маркоски – репрезентативниот дрес како спомен за долгогодишната посветеност!

Никола Маркоски остави значаен белег во македонскиот ракомет, а неговиот придонес во националниот тим беше истакнат и пред почетокот на квалификацискиот натпревар против...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското првенство во 2028 година. Избраниците на Кирил Лазаров приредија убедлива партија...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

ИнтернационалциФудбалФутсал

Македонскиот судија Доне Ристовски доби нова задача од УЕФА – ќе го суди квалификацискиот дуел за СП меѓу Белорусија и Албанија!

Македонскиот интернационален футсал-судија Доне Ристовски доби нова меѓународна задача од УЕФА. Ристовски...

Прва лигаФудбал

Башкими може да ја стигне Брегалница, Арсими да ја згусне табелата во долниот дел

Најава и анализа на 13. коло во Првата македонска фудбалска лига Дербито...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!