Останато

Историски европски предизвик за Штип УГД – холандскиот шампион прва пречка во Лигата на шампионите

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД
Сподели

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД го дозна својот ривал за дебитантскиот настап во ЦЕВ Лигата на шампионите. На денешната ждрепка во Луксембург, штипјани за противник во првото квалификациско коло го добија актуелниот шампион на Холандија, Орион Старс, еден од поквалитетните тимови во оваа фаза од натпреварувањето.

За тимот предводен од Кристиан Ристески ова ќе биде уште едно историско поглавје, откако минатата сезона ја освои двојната круна во македонската одбојка и за првпат обезбеди место во најелитното европско клупско натпреварување.

Првиот натпревар ќе се одигра во Холандија во периодот од 20 до 22 октомври, додека реваншот е закажан во Штип од 27 до 29 октомври, кога македонскиот шампион ќе се обиде пред својата публика да направи чекор кон следната квалификациска рунда.

Доколку успешно ја мине холандската пречка, Штип УГД во второто квалификациско коло ќе се сретне со словенечкиот АЦХ Волеј Љубљана. Во тој случај, првиот натпревар би се играл во Македонија од 3 до 5 ноември, а реваншот во Словенија во периодот од 10 до 12 ноември.

Штипјани ги очекува тежок, но и мотивирачки европски предизвик, со можност уште еднаш да го потврдат својот квалитет и достоинствено да ја претставуваат македонската одбојка на највисоката европска сцена.

Минатата сезона клубот испиша историја освојувајќи ја првата шампионска титула и двојната круна, а претходно веќе стекна и европско искуство настапувајќи во Џелинч Купот, што дополнително ќе биде значајно пред претстојните дуели со холандскиот шампион.

Сподели

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Останато

Дарија Крстевска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика во Копенхаген

Младата македонска атлетичарка Дарија Крстевска за прв пат ќе ја претставува Македонија...

Останато

Ѓорческа загуби во второто коло на турнирот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине второто коло...

Останато

Ѓорческа ја елиминира седмата носителка и обезбеди второ коло во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го започна настапот на ВТА 125...

Останато

Бучим Радовиш со Зајков, Усеинов и Атанасов на силниот „President Cup“ во Белград

Меѓународниот боречки турнир „President Cup“ денеска започнува во Белград, Србија, а на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!