Останато

(ВИДЕО) По 20 години чекање, Делчево ќе добие современа спортска сала – обезбедени над 40 милиони денари за целосна реконструкција!

Сподели
ФОТО: Иван Гоцевски-Градоначалник на Општина Делчево | facebook
Сподели

Голема вест за спортот во Делчево! По повеќе од две децении чекање, градската спортска сала во рамките на Спортско-рекреативниот центар ќе добие нов лик, откако Општина Делчево обезбеди над 40 милиони денари од Владата преку Министерството за спорт за нејзина целосна реконструкција и довршување.

Информацијата ја соопшти градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, кој потврди дека е потпишан договорот за финансирање на овој значаен инфраструктурен проект, со што официјално започнува постапката за негова реализација.

Станува збор за спортски објект кој повеќе од 20 години останал недовршен и без соодветни услови за функционирање. Со најавената инвестиција се очекува Делчево конечно да добие современа и функционална спортска сала, која ќе биде наменета за потребите на спортистите, спортските клубови и младите генерации.

Целосна реконструкција, доградба и современи услови за спортување

Според најавите, проектот опфаќа доградба на неизградените делови од спортската сала, целосна реконструкција на постојните конструктивни и функционални целини, како и обезбедување на неопходните инфраструктурни приклучоци.

Предвидено е објектот да добие соодветно снабдување со електрична енергија, водовод, канализација и греење, со што ќе се создадат основните услови за негово целосно функционирање.



Реконструкцијата треба да овозможи подобри услови за тренинзи, спортски активности и развој на клубовите во Делчево, но и да отвори нови можности за младите кои сакаат да се занимаваат со спорт.

Градоначалникот Иван Гоцевски, најавувајќи ја инвестицијата, истакна дека станува збор за долгоочекуван проект кој има големо значење за иднината на спортот во градот.

  • Гоцевски: „Конечно создаваме услови Делчево да добие современа, функционална и репрезентативна спортска сала“

„Драги сограѓани, оваа прва работна недела од месец ноември т.е. првиот работен ден од месец ноември, сакам да споделиме многу важна вест за Делчево. Денес сакам да споделиме една исклучително важна вест за Делчево и за иднината на спортот од нашиот град. Општина Делчево обезбеди над 40 милиони денари од Владата преку Министерството за спорт за целосна реконструкција на градската спортска сала во рамките на Спортско-рекреативниот центар од Делчево. Со потпишувањето на овој договор за уредување на меѓусебните односи, официјално започнува постапката реализација на овој долго очекуван проект. Предвидена е доградба на неизградените делови на спортската сала, целосна реконструкција на постојните конструктивни и функционални целини, како и обезбедување на сите неопходни инфраструктурни приклучоци, како електрична енергија, водовод, канализација и греење. Станува збор за објект, кој повеќе од две децении беше оставен без соодветно довршување и сопствена функционалност. Со оваа инвестиција конечно создаваме услови Делчево да добие современа, функционална репрезентативна спортска сала, каква што заслужуваат нашите сограѓани, нашите спортисти и секако нашите млади генерации. Самата реконструкција на оваа спортска сала е инвестиција за младите, во здравите животни навики, во развојот на спортските клубови и секако во создавањето на нови спортски таленти и шампиони од Делчево“, вели градоначалникот на општина Делчево, Иван Гоцевски.

  • Благодарност до Владата и Министерството за спорт

Гоцевски упати благодарност до Владата и Министерството за спорт за обезбедената финансиска поддршка, нагласувајќи дека инвестицијата ќе придонесе за создавање подобри спортски услови во Делчево.

„Воедно сакам да упатам искрена благодарност до претседателот на Владата, проф. Христијан Мицкоски за поддршката и заложбата за самата реализација на овој значаен проект и секако до министерот за спорт, господин Борко Ристовски, со кого воспоставивме одлична соработка и доверба во интерес на развојот на спортот во Делчево. Заедно продолжуваме посветено да работиме на проекти, кои носат конкретни придобивки за нашите сограѓани овде во нашето убаво Делчево, затоа што Делчево заслужува современи спортски услови, нашите млади заслужуваат можност, своите таленти и спортски соништа да ги остварат токму тука во својот роден град“, дополнува градоначалникот на Делчево.

  • Инвестиција во иднината на спортот и младите генерации

Довршувањето и реконструкцијата на градската спортска сала претставуваат значаен чекор кон подобрување на спортската инфраструктура во Делчево.

Новите услови треба да им овозможат на локалните спортски клубови поквалитетна работа со младите категории, а на децата и младите подобри можности за тренинг и развој на нивните спортски способности.

Со современа спортска сала, Делчево ќе добие простор кој може да придонесе за зголемување на интересот за спортот, организирање спортски активности и создавање нови генерации таленти.

Градоначалникот Гоцевски ја опиша инвестицијата како крај на долгогодишното чекање за довршување на објектот, нагласувајќи дека по 20 години заборав, Делчево конечно треба да добие модерна и репрезентативна спортска сала.

Со обезбедените над 40 милиони денари и потпишаниот договор за финансирање, направен е важен чекор кон реализацијата на проектот, кој треба да донесе нови можности за спортските клубови, младите спортисти и идните шампиони од Делчево.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со посебно признание за Маркоски – репрезентативниот дрес како спомен за долгогодишната посветеност!

Никола Маркоски остави значаен белег во македонскиот ракомет, а неговиот придонес во националниот тим беше истакнат и пред почетокот на квалификацискиот натпревар против...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското првенство во 2028 година. Избраниците на Кирил Лазаров приредија убедлива партија...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата...

Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!