Турнири

ФОТО: Чардар Велгошти го „прегази“ Оровник, следна фаза за Аце Најдески и Хотел и Спа Инекс Олгица

Сподели
Сподели



Вечерва беше одигран последниот меч од групната фаза на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта, со што стартуваше потоа и фазата на елиминации со два мечеви.

Екипата на Чардак Велгошти со убедливи 9:1 го декласираше составот на Оровник и победнички се чекираше во осминафиналето каде ќе оди на мегдан против Етно ресторан Дедо Димо, а пак Оровник ќе го чека дуел со Др. Баткоски.

Со овој меч беше комплетирана групата G на турнирот во Мешеишта.

Вечерва беа одиграни и два натпревари од осминафиналето со што ги имаме првите две екипи кои обезбедија „виза“ за четвртфинале.

Екипата на Аце Најдески одигра „два во два“ против БЗ Груп Струга, откако славеше со 1:2. Резултатот го отвори Мики Стеваноски во 12. минута од средбата за 0:1 на полувреме.

Во вториот дел Данил Сотироски погоди во 28. минута за двојна предност на Аце Најдески со што притисокот се префрли во целост кон противникот, кој не наоѓаше решение за брз гол, па само во 39. минута преку Антонио Ристоски го ублажи поразот на 1:2.



Екипата на Хотел и Спа Инекс Олгица лесно обезбеди четвртфинале откако со 4:1 го совлада убедливо составот на Кафе бар Слобода од Кичево.

Оливер Дишлиески беше двоен стрелец за „хотелиерите“ откако постигна гол во 20. минута за отварање на резултат и во 31. минута за двојна предност. Веднаш потоа следуваше брз гол на Никола Димов за 3:0, а во 32. минута Александар Ѓорѓиески постигна гол за 4:0.



Тимот од Кичево во целост се „распадна“ и преку Младен Котески во 36. минута постигна гол за ублажување и на онака превисокиот пораз.



За екипите на Кафе бар Слобода Кичево и БЗ Груп Струга турнирот заврши со што двете екипи ги спакуваат куферите.

Утрешната програмата нуди три натпревари од осминафиналето, каде што ќе има вистинска борба за влез во четвртфиналето.

Програмата стартува во 20:30 кога АСП Пак ќе се соочи со Кафе бар Коко, еден час подоцна Охридски Бисер Филеви ќе оди против Нова-пор, а пак во 22:30 часот Др. Баткоски ќе настапи против Оровник.

Спортска Мрежа и годинава преку детални извештаи ја носи атмосферата од секој меч, од секоја вечера, нашата соработка со турнирот во Мешеишта стана традиција со години наназад.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!