Прва лигаФудбал

Струга ТЛ се засили со три нови имиња – Јовчевски, Белица и Агамах носат свежа сила за новата сезона

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели



Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум продолжува активно да го гради ростерот за претстојната сезона, носејќи три различни профили на фудбалери со цел да ја зголеми конкуренцијата и стабилноста во тимот.

Најново засилување во клубот е младиот голман Андреј Јовчевски, кој пристигнува од редовите на Пелистер. 22-годишниот чувар на мрежата се очекува да биде дополнителна опција меѓу стативите и да донесе свежина во голманската линија на стружани.

Покрај него, одбраната на Струга ТЛ ќе биде засилена со искусниот стопер Егзон Белица, кој пристигнува од Работнички. Поранешен капитен на „романтичарите“, Белица носи значително прволигашко и меѓународно искуство, настапувајќи во повеќе земји низ Европа и важи за играч што може да внесе стабилност и сигурност во последната линија.

Третото ново име во нападот е францускиот офанзивец Хамонд Агамах, кој доаѓа по настапи во пониските француски лиги. 29-годишниот напаѓач ќе претставува нова опција во офанзивниот дел од тимот и се очекува да донесе поголема длабочина и разновидност во завршницата.

Со овие три засилувања, Струга ТЛ јасно ја покажува амбицијата да биде конкурентна во врвот на македонскиот фудбал и во новата сезона да атакува на високи цели во Првата лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!