Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија го завери првото место со нов триумф – Луксембург немоќен пред „црвено-жолтите“

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација ја заврши првата фаза од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029 со максимален учинок. Нашите  кошаркари славеа и на гостувањето кај Луксембург со 80:66, запишувајќи ја шестата победа во исто толку натпревари и убедливо го освојувајќи првото место во групата „А“.

 Македонија потврди дека квалитетот на оваа селекција е далеку над нивото на претквалификациите. Избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал без ниту еден пораз обезбедија пласман во втората рунда од претквалификациите, која започнува на 27 август.

И покрај бројните кадровски промени, македонската репрезентација одигра зрело и дисциплинирано. Во составот не беа Андреј Јакимовски и Марко Луканоски, на местото на Ди-Џеј Стјуард дебитираше Нејт Сестина, а стручниот штаб реши да му даде заслужен одмор и на капитенот Војдан Стојановски.

Со само деветмина активни кошаркари во ростерот, Македонија уште од почетокот ја презеде контролата врз натпреварот. Агресивната одбрана и одличната реализација донесоа предност од 23:15 по првата четвртина.

Во втората четвртина нашите кошаркари го подигнаа нивото на игра уште повеќе. Предноста постојано растеше, па на полувремето Македонија замина со убедливи 46:27, практично решавајќи го победникот.

Луксембург одигра подобро во третата четвртина, која ја доби со 22:17, и ја намали разликата на 63:49. Сепак, домаќинот немаше сили за целосен пресврт. Во последните десет минути Македонија повторно ја стабилизираше играта, не дозволи никаква неизвесност и рутински ја приведе средбата кон крајот за конечни 80:66.

Дебитантот Нејт Сестина имаше одличен настап и мечот го заврши со 18 поени и пет скока. Одлична партија прикажа и Ташовски со 16 поени, седум скока и седум асистенции.

Ѓуроски натпреварот го заврши со 13 поени, седум скока и три асистенции, додека Ефремовски и Какруки постигнаа по 12 поени.

Со максимален ефект од шест победи во исто толку натпревари и освоени 12 бодови, Македонија убедливо го освои првото место во групата „А“. Зад „црвено-жолтите“ завршија Луксембург, Ирска и Азербејџан, кои натпреварувањето го завршија со идентичен учинок од по две победи и четири порази.

Македонската репрезентација на најдобар можен начин го затвори јулскиот ФИБА-прозорец, потврдувајќи дека е најквалитетната селекција во групата. Со максимална самодоверба и победнички ритам, избраниците на Жозеп Марија Берокал сега го насочуваат фокусот кон втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029, која започнува на 27 август.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Турција пресилна за Македонија: Одбојкарките со пораз на стартот на Медитеранските игри

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна настапите на Медитеранските...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките до 20 години со пораз од Романија ги отворија БВА квалификациите

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 20 години со пораз ги започна...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски го одреди составот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ и ВИА ФАРМ со ново партнерство за медицинска поддршка на репрезентациите

Фудбалската федерација на Македонија и аптеките ВИА ФАРМ официјално започнаа соработка преку...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!