Останато

Калин Ивановски триумфираше на Macedonian Open и ја освои титулата во Скопје

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонскиот тенисер Калин Ивановски триумфално го заврши настапот на годинашното издание на Macedonian Open, откако во финалето по голема борба го совлада Украинецот Владислав Орлов со 2-1 во сетови (6:1, 0:6, 6:2). Натпреварот траеше два часа и 30 минути.

Со оваа победа Ивановски ја продолжи одличната серија по враќањето од повредата. Во последниот период запиша 13 победи и само еден пораз, настапи во две финалиња од М25 турнирите, а оствари и четири победи за македонската Дејвис куп репрезентација.

Финалето започна одлично за македонскиот тенисер. По израмнувањето на 1:1 во гемови, Ивановски направи два брејка и со сигурна игра, потпомогната со ас сервис, првиот сет го доби убедливо со 6:1.

Во вториот сет следуваше целосен пресврт. Иако уште во воведниот гем Ивановски имаше две брејк шанси, Орлов успеа да го задржи сервисот, а потоа направи брејк за водство од 2:0. Македонскиот тенисер успеа да спаси неколку брејк-топки, но Украинецот беше доминантен и го доби сетот со максимални 6:0.

Решавачкиот сет донесе нова неизвесност. Клучен беше вториот гем, во кој Ивановски по долга битка и 20 одиграни поени спаси три брејк-топки и израмни на 1:1. Веднаш потоа направи брејк за предност од 2:1, а со уште еден одземен сервис во седмиот гем ја зголеми предноста на 5:2. До крајот рутински го приведе мечот кон крај и заслужено стигна до шампионскиот пехар.

Статистиката беше на страната на Ивановски, кој мечот го заврши со пет аса, наспроти три на Орлов, реализира четири брејка, а освои и повеќе поени – 87 наспроти 77.

За Ивановски ова беше 11-то финале во професионалната кариера и шеста титула, воедно и прва по јули 2023 година, кога триумфираше на турнирот во австрискиот Крамсах. Со победата во Скопје освои 25 АТП поени и парична награда од 4.065 американски долари, а бодовите освоени и со финалето во Загреб ќе му донесат значителен напредок на АТП-листата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!