Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал: Ваквите победи носат самодоверба и се многу значајни за развојот на тимот

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

По натпреварот со Луксембург, Берокал го сподели своето видување за одиграното, нагласувајќи дека неговите кошаркари одиграле одлично во првото полувреме, додека падот во вториот дел бил очекуван поради ограничениот број на играчи во ротацијата.

„Натпреварот имаше две различни лица. Во првото полувреме, кога имавме повеќе можности за ротација, игравме многу добро. Добро ја движевме топката, ја делевме одговорноста во нападот и одигравме квалитетна кошарка. Во второто полувреме беше очекувано Луксембург да реагира пред својата публика. Направија одредени тактички промени, а ние со скратената ротација почнавме да чувствуваме замор кај дел од играчите. Сепак, најважно е што се натпреварувавме сите 40 минути и на крајот заслужено победивме. Таквите победи носат самодоверба и се многу значајни за развојот на тимот“, изјави Берокал.

Селекторот нагласи дека и покрај одредени недостатоци во ростерот, сите играчи максимално го дале својот придонес за тимот.

„Ни недостигаа неколку важни играчи, особено на бековските и центарските позиции, но секогаш мораме да се фокусираме на оние што ги имаме на располагање. Играчите кои настапија одговорија на задачите и тоа е најважно.“ 

„Вакви победи носат самодоверба и се многу значајни за развојот на тимот“ – потенцира селекторот на Македонија по победата над Луксембург.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!