Останато

Милијана Рељиќ со бронза на Албанија Г1 Опен во Тирана, нови бодови за светската ранг-листа

Сподели
ФОТО: Таеквондо федерација на Македонија
Сподели

Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Албанија Г1 Опен во Тирана, продолжувајќи со одличните настапи на меѓународната сцена.

Рељиќ турнирот го започна со победа во второто коло против канаѓанката Леонарда Ардиќ, која ја совлада со 2:1 во рунди. Македонската таеквондистка потоа обезбеди место во полуфиналето по уште една исклучително неизвесна борба, овојпат против Шпанката Елена Лена Торес.

Мила и во оваа пресметка славеше со 2:1 во рунди, а последната рунда ја доби со минимални 10:9 поени, потврдувајќи ја својата ментална сила и квалитет во клучните моменти.

Во полуфиналето Рељиќ се сретна со Турчинката Хатиџе Пинар Јигинталп. Македонката загуби со 0:2 во рунди, но двете рунди беа исклучително тесни и завршија со идентични 2:4 поени.

Со освоената бронза во Тирана, Рељиќ повторно обезбеди значајни бодови на светската и олимписката ранг-листа. Таа заработи нови 3,60 поени, со што продолжува да ја зацврстува својата позиција меѓу најдобрите таеквондистки во светот.

Очекувањата се Милијана Рељиќ и понатаму да остане во Топ 10 на светската ранг-листа, што е уште една потврда за нејзината константност и квалитет на најголемата меѓународна сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ за „Спортска Мрежа“: „Многу е потешко да се одбрани титулата отколку да се освои!“ 

ГРК Охрид ја продолжи европската приказна со уште две убедливи изданија во Европскиот Куп на ЕХФ. Актуелниот освојувач на трофејот беше подобар од...

Трета лигаФудбал

Огражден со нова победа, нов кикс на Овче Поле, Саса покажа моќ во Делчево

Седмото коло на Трета лига – Регион 3 донесе уште неколку интересни резултати со коишто практично ќе биде доста неизвесна трката околу првата...

Поврзани написи
Останато

Газели Волеј и Вардар преку тај-брејк до нови победи во Првата лига

Второто коло од Првата одбојкарска лига за жени донесе голема неизвесност и...

Останато

Познат изгледот на Првата А и Б одбојкарска лига во машка конкуренција

По комплетирањето на натпреварите од претколото, познат е составот на двете групи...

Останато

Универзитет во Тетово преку „златен сет“ обезбеди пласман во Првата А лига

Одбојкарите на Универзитет во Тетово го освоија последното место во Првата А...

Останато

Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево обезбедија место во Првата А лига

Одбојкарските екипи на ГОК Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево успешно...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!