Фудбалскиот клуб Илинден кој ќе се натпреварува во Трета лига регион 1 го промовираше Горан Симов кој е именуван за нов шеф на стручниот штаб.
Се работи за искусен и трофеен тренер кој со своето искуство ќ треба да овозможи остварување на целите на клубот, а тоа секако ќе биде прво место и бараж за Втора лига.
Симов претходно ги предводеше Силекс, Македонија ЃП, Вардар и Борец, а со тимот од Кратово и со „лавовите“ од Ѓорче освои Куп титула.