Трета лигаФудбал

ФОТО: Во Илинден се поставува современо осветлување на стадионот, продолжува изградбата на новата трибина

Сподели
ФОТО: Општина Илинден
Сподели



Општина Илинден продолжува со реализацијата на капиталниот проект за доградба и модернизација на фудбалскиот стадион во населбата Илинден, со кој значително ќе се подобрат условите за тренинзи и одигрување натпревари.

Според информациите од Општина Илинден, во тек е поставувањето на современ систем за осветлување со повеќе од 30 рефлектори. Новото осветлување ќе овозможи тренинзи и натпревари да се играат и во вечерните часови, согласно современите европски стандарди и критериумите на УЕФА.

Оваа инвестиција е дел од поширокиот проект за целосна модернизација на стадионот, кој се реализира во повеќе фази. Во претходниот период беше извршена реконструкција и проширување на фудбалскиот терен, поставена е нова вештачка трева, изградена е заштитна ограда, а имплементиран е и современ систем за дренажа.

ФОТО: Општина Илинден

Паралелно продолжува изградбата на новата трибина со капацитет од 1.100 гледачи. Во рамките на проектот се градат и современи подтрибински административни и технички простории, соблекувални со санитарни јазли и тушеви, простории за судии и службени лица, тоалети за посетителите, вклучително и за лица со попреченост, магацински и складишни простории, како и посебен коридор за движење на фудбалерите.

Проектот предвидува и хортикултурно уредување на просторот околу стадионот, изградба на паркинг со капацитет за повеќе од 60 возила, како и обновување на комуналната инфраструктура.

Увид во текот на градежните активности изврши Александар Георгиевски, кој истакна дека поставувањето на современото осветлување претставува значаен чекор во унапредувањето на условите за користење на стадионот и ќе овозможи негова целосна функционалност и во вечерните часови.

Со реализацијата на овој капитален спортски проект, Општина Илинден продолжува со инвестициите во спортската инфраструктура, со цел создавање современи услови за развој на спортот и организирање натпревари според највисоки стандарди, потврдувајќи ја својата определба да остане препознатлив центар на спортот и спортските активности.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!