Трета лигаФудбал

Третолигашот Башкими од Јаболчиште гради тим за ВМФЛ: Мандак, Манасиев, Рахмани, Јонузи, Манчев…

Сподели
ФОТО: ФК Башкими Јаболчиште
Сподели



Третолигашот Башкими од Јаболчиште гради тим со кој ќе атакува на првата позиција во Трета лига Регион 4, а со тоа преку бараж да обезбеди влез во Втората македонска фудбалска лига.

Тимот од Јаболчиште веќе интензивно работи на градењето на квалитетен ростер, а според досега промовираните играчи се работи за квалитет со кој Башкими сигурно ќе оди по шампионскиот пехар и пласман во повисок ранг на натпреварување.

Третолигашот од Јаболчиште засега се засили со Енди Мандак, Бобан Манчев, Дритон Јонузи, Ермал Рахмани и Јосиф Манасиев, а сигурно е дека и во следниот период ќе бидат промовирани уште неколку играчи со кои ќе се подигне значително квалитетот во сопствените редови.

Мандак доаѓа од редовите на Брегалница од Делчево, а претходно настапуваше за штипска Брегалница од каде и потекнува и за Беласица, се работи за 21-годишен фудбалер од Штип.

Од градот под Исарот доаѓа и Бобан Манчев во редовите на Башкими, 21-годишен фудбалер кој последно го носеше дресот на екс второлигашот Вардар Неготино, а потекнува од штипска Брегалница.



Дритон Јонузи е 22-годишен фудбалер кој има настапи за Врановци и Мартолци.

Голманот Ермал Рахмани ќе го чува голот на Башкими во новата сезона, а пристигнува од редовите на третолигашот Беса од Сарај, каде што покажа квалитет и сигурност меѓу стативите.

Јосиф Манасиев ќе биде квалитетно засилување, станува збор за 26-годишен фудбалер кој пристига од редовите на Превалец, а во минатото го носеше дресот на Борец, Детонит Плачковица, Кожуф и Слога од Виница.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Величков ќе им суди на БВК Коњаре и Башкими, Ралевски на Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново

Утре се играат седум натпревари од првата фаза на Купот на Македонија, откако минатата недела беа одиграни пет средби. Познати се и судиите...

Втора лигаФудбал

Пелистер го промовираше Мите Цикарски

Второлигашот Пелистер од Битола го промовираше Мите Цикарски како најново засилување, кое доаѓа од редовите на Беласица. Триесет и тригодишниот фудбалер ги покрива...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Пелистер го промовираше Мите Цикарски

Второлигашот Пелистер од Битола го промовираше Мите Цикарски како најново засилување, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!