КошаркаКошаркарска репрезентација

Кошаркарите подготвени за денешниот предизвик од последно коло од претквалификациската група „А“ за пласман на Евробаскетот 2029

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската сениорска репрезентација вчера го одработи официјалниот тренинг во салата „Национален центар за спорт и култура“ во Луксембург, каде денес од 16.00 часот ќе се одигра натпреварот од шестото и последно коло од претквалификациската група „А“ за пласман на Евробаскетот 2029.

Избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал се запознаа со условите за игра во арената во која ќе се обидат да ја продолжат победничката серија и да го комплетираат овој квалификациски циклус со максимален ефект.

Стручниот штаб за гостувањето во Луксембург располага со скратен ростер. Поради претходно познати причини, во составот не се Андреј Јакимовски, кој има приватни обврски, Марко Луканоски, кој е со репрезентацијата до 20 години, како и Ди-Џеј Стјуард.

Нивното отсуство отвора можност за репрезентативно деби на Нејт Сестина. Натпреварот во Луксембург би можел да биде негов прв официјален настап во дресот на македонската сениорска репрезентација.

ФОТО: КФМ

Иако првото место во групата и пласманот во втората рунда од претквалификациите веќе се обезбедени, македонските кошаркари имаат јасна цел – со нова победа да ја завршат оваа фаза од квалификациите и со максимални шест победи од исто толку натпревари да ја потврдат доминацијата во групата.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската...

Кошарка

КФМ и клубовите од Женската Прва лига ги договорија деталите за новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

Кошарка

КФМ одржа работен состанок со клубовите пред стартот на новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!