Останато

Марковски и Србљак победници во двојки на Macedonian Open 2026

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската комбинација Обрад Марковски и Горазд Србљак триумфираа во конкуренција на двојки на годинашново издание на Macedonian Open 2026. Тие во финалето за 79 минути ги совладаа Никола Керемедчиев и Давид Симеонов од Бугарија со 2-0 во сетови (75 64).

Во првиот сет Марковски-Србљак направија брејк во седмиот гем и поведоа со 4:3, но веќе во следниот гем тенисерите од Бугарија успеаја да изедначат на 4:4. Новиот брејк за македонската двојка во 11.тиот гем им донесе водство од 6:5 во гемови, а сетот го завршија откако го освоија гемот на свој сервис за 7:5.

Во вториот сет повторно во седмиот гем имаше брејк за Марковски и Србљак за 4:3, а потоа и во деветтиот гем направија брејк и сетот го завршија со 6:3 во гемови.

Инаку, Марковски и Србљак го одиграа и полуфиналниот меч и постигнаа победа од 2-0 во сетови против Николас Бруна и Франциско Томас Гешвинд.

Денес со почеток во 11:30 часот се игра финалето во сингл меѓу Калин Ивановски против Владислав Орлов од Украина, кој со 2-1 во сетови (26 60 64) го победи Стефан Поповиќ од Србија.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!