Кошарка

КФМ одржа работен состанок со клубовите пред стартот на новата сезона

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите – членки на Здружението на клубови од Суперлигата, на кој беа разгледани повеќе прашања поврзани со организацијата и подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/2027.

Состанокот се одржа во просториите на КФМ, а во фокусот беа теми од значење за непречено организирање и спроведување на натпреварувањата во претстојната сезона.

Меѓу главните точки на состанокот беа системот на натпреварување за сезоната 2026/2027, термините за почеток на сезоната, како и организацијата на Суперкупот на Македонија.

Претставниците на клубовите беа информирани и за продолжувањето на спонзорската соработка со компанијата „М-тел“, која претставува дополнителна поддршка за развојот и унапредувањето на македонската кошарка.

Работниот состанок беше можност федерацијата и клубовите да ги разменат мислењата, предлозите и ставовите за прашањата поврзани со претстојната сезона. Сите предлози и согледувања ќе бидат земени предвид во понатамошното постапување на надлежните органи на КФМ.

Во рамките на состанокот беше реализирана и ждрепката на натпреварувачките броеви, по кои беа формирани двојките за првото коло од новата сезона во Суперлигата:

ДВОЈКИ 1. КОЛО (3/4.ОКТОМВРИ)

  1. Струмица – Работнички
  2. Пелистер – ТФТ
  3. Скопје – Кожув
  4. МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово
  5. Штип – Тиквеш Голден Игл

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ...

Кошарка

Никола Кочовиќ е нов кошаркар на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов...

Кошарка

Јован Кузмановски е нов претседател на КК Пелистер!

Јован Кузмановски е избран за нов претседател на Кошаркарскиот клуб Пелистер од...

Кошарка

Крива Паланка одбраната на титулата ја започнува против Вардар, Гевгелија домаќин на Патриот

Викендот започнува новата сезона во Првата женска кошаркарска лига со мечевите од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!