Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија го завери првото место – следува нов чекор кон Евробаскет 2029

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

По убедливата победа над Ирска, машката сениорска репрезентација на Македонија ја исполни првата цел во претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029. Нашиот национален тим го обезбеди првото место во групата А и официјално се пласира во втората рунда од претквалификацискиот циклус.

Иако до крајот на групната фаза останува уште гостувањето кај Луксембург на 5 јули, Македонија веќе математички не може да биде симната од лидерската позиција.

Во втората рунда, која започнува на 27 август, ќе настапат 12 репрезентации. Покрај четирите победници од првата претквалификациска фаза, место ќе обезбедат и осумте селекции кои нема да успеат да ја минат првата рунда од квалификациите за Светското првенство 2027.

Репрезентациите ќе бидат поделени во четири групи со по три тима, а натпреварите ќе се играат од август 2026 до февруари 2027 година, во три ФИБА квалификациски „прозорци“. Секоја селекција ќе одигра по четири натпревари, според системот „секој со секого“.

Само победниците на четирите групи ќе обезбедат директен пласман во главните квалификации за ФИБА Евробаскет 2029.

За селекциите кои нема да успеат да ја минат втората рунда, ФИБА предвидува уште една можност. Во третата претквалификациска фаза ќе играат осумте репрезентации кои ќе отпаднат од втората рунда, заедно со шестте најслабо пласирани селекции од првата фаза. Тие ќе бидат поделени во четири групи, а победниците ќе ги комплетираат учесниците во квалификациите за Евробаскет 2029.

Пред почетокот на новата квалификациска етапа, Македонија ја очекува уште еден натпревар од актуелната фаза – гостување кај Луксембург на 5 јули, со цел претквалификациите да ги заврши со уште една победа и максимална самодоверба пред следните предизвици.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими се засили со Ѓорѓи Дошев

Прволигашот Арсими продолжува со засилувањата за новата сезона, а денес беше претставен Ѓорѓи Дошев како најново име кое доаѓа во клубот од Чегране....

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Тодоровиќ го скрати списокот, Македонија У18 утре го игра првиот контролен натпревар против Косово

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години продолжува со подготовките за претстојното Европско првенство, а првата проверка ја очекува утревечер против Косово. По...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Тодоровиќ го скрати списокот, Македонија У18 утре го игра првиот контролен натпревар против Косово

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години продолжува со подготовките за претстојното...

КошаркаКошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија доминантно го заврши циклусот – шест победи од шест и сигурен пласман понатаму

Македонска машка кошаркарска репрезентација ја потврди доминацијата во првата рунда од претквалификациите...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал: Ваквите победи носат самодоверба и се многу значајни за развојот на тимот

По натпреварот со Луксембург, Берокал го сподели своето видување за одиграното, нагласувајќи...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија го завери првото место со нов триумф – Луксембург немоќен пред „црвено-жолтите“

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација ја заврши првата фаза од претквалификациите за пласман...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!