РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Александар Таневски е нов селектор на Македонија У21

Сподели
Сподели

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Александар Таневски да биде нов селектор на македонската репрезентација до 21 година.

Таневски досега работеше со младинските селекции на ФФМ, вклучително и со репрезентацијата до 20 години, па одлично ја познава генерацијата фудбалери која во иднина треба да биде носител на селекцијата до 21 година. Во последните два натпревари од актуелниот квалификациски циклус, новиот селектор ќе има можност да работи со дел од помладите играчи и постепено да го формира тимот кој ќе настапува во следниот циклус.

Примарната цел ќе биде создавање конкурентна репрезентација која ќе остварува подобри резултати, но и ќе има важна улога во развојот и афирмацијата на фудбалери кои во иднина треба да бидат дел од А репрезентацијата на Македонија.

Таневски во својата тренерска кариера досега водел 196 официјални натпревари како шеф на стручниот штаб во Првата и Втората македонска фудбалска лига. Тренерскиот пат го започна во ФК Скопје, со кој обезбеди пласман во највисокиот ранг на натпреварување. Истото му успеа и со Македонија ЃП, со која стигна и до финалето на Купот на Македонија и обезбеди настап во европските купови.

Работеше и во Академија Пандев и ФК Беса, а неговиот последен клупски ангажман беше во ФК Скопје, клуб со кој обезбеди промоција од Втора во Прва лига преку бараж.

ФФМ му се заблагодари на досегашниот селектор Горан Станиќ за досегашниот ангажман и придонес во репрезентацијата до 21 година, со желби за успех во неговите идни професионални предизвици.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У19 не успеа против Швајцарија, фокусот сега е кон Малта

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Б-лигата, репрезентацијата на Македонија загуби...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!