Прва лигаФудбал

Јорданчо Наумоски и Брегалница се разделија по шампионската сезона и враќањето на „сините“ во Првата лига

Сподели
Сподели



Искусниот македонски фудбалер Јорданчо Наумоски повеќе не е дел од Брегалница, откако по завршувањето на сезоната 2025/2026 заврши неговата соработка со штипскиот клуб. По само шест месеци минати во сино-белиот дрес, прилепчанецот ќе бара нов предизвик и нов клуб за претстојната сезона.

Наумоски пристигна во Брегалница во јануари 2026 година како едно од клучните зимски засилувања, со задача да внесе искуство и стабилност во средниот ред во борбата за враќање на клубот во елитното македонско фудбалско друштво.

Неговото доаѓање се покажа како вистински потег. Со своето богато искуство, лидерски квалитети и сигурни настапи, Наумоски даде значаен придонес во шампионската сезона на Брегалница, која ја освои титулата во Втората македонска фудбалска лига и обезбеди враќање во Првата лига.

За Наумоски тоа беше уште еден голем успех во богатата кариера. Со освојувањето на шампионската титула со Брегалница, искусниот играч ја запиша својата петта промоција од Втората во Првата македонска фудбалска лига, редок подвиг со кој уште еднаш потврди дека важи за еден од најуспешните фудбалери кога станува збор за борбата за пласман во елитата.

Претходно двапати избори промоција со Победа, по еднаш со Тиквеш и Пелистер, а Брегалница стана петтиот клуб со кој успеа да обезбеди прволигашки статус.



Фудбалската кариера Наумоски ја започна во 11 Октомври од Прилеп, а како млад талент беше дел и од академијата на дански Брондби. Во својата кариера настапуваше и за Металург, Победа, Тиквеш и Пелистер, градејќи репутација на искусен и сигурен играч.

Иако неговата епизода во Брегалница траеше само половина сезона, Јорданчо Наумоски остави значаен белег во тимот од Штип, помагајќи им на „сините“ повторно да станат прволигаши. По успешната мисија, двете страни тргнуваат по различни патишта, а искусниот играч наскоро се очекува да го избере својот нов клуб за сезоната 2026/2027, со оглед на тоа што веднаш се става на радарот на неколку екипи кои се заинтересирани за неговиот потпис.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Четворица дебитанти во составот на Македонија за ЕП 2026

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на селекторот Јошко Миленкоски за настапот на Македонија на Европското првенство 2026. Техничарот Давид Стојанов,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!