Останато

Македонски претставници на Европското првенство У18: Џинес и Петровска дел од елитата на ЦЕВ

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонската одбојка има свои претставници меѓу официјалните лица на Европското првенство за девојки до 18 години, кое од вчера до 12 јули се одржува во Литванија и Летонија. Нашата земја ја претставуваат техничкиот делегат Симон Џинес и интернационалната судијка Елеонора Петровска.

Џинес и Петровска се ангажирани во групата Б, која се игра во литванскиот град Шијаулиаи. Како технички делегат на ЦЕВ, Џинес е задолжен за организацијата на сите натпревари во групата. За него ова е второ последователно Европско првенство во младинска конкуренција во оваа улога, а овој ангажман претставува и подготовка за Европското првенство во сениорска конкуренција, кое во септември ќе се одржи во Клуж, Романија.

Од друга страна, Елеонора Петровска дебитира на едно Европско првенство. Таа веќе ја имаше својата прва задача како втор судија на возбудливиот натпревар меѓу Германија и Бугарија, кој заврши со победа на Германките од 3:2 во сетови. Денеска, македонската арбитерка ќе ја има честа да биде прв судија на дуелот меѓу Финска и Франција.

На шампионатот настапуваат 16 репрезентации, поделени во две групи со по осум селекции. Двете најдобри екипи од секоја група ќе обезбедат пласман во полуфиналето, додека големото финале е закажано за 12 јули во Рига.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!