Останато

Блажевски шампион во Луксембург, Релиќ со нов сребрен медал на Г1 турнирот во Луксембург

Сподели
Сподели

Македонските таеквондисти продолжуваат со одличните настапи на меѓународната сцена. Нов голем успех оствари Филип Блажевски од ТК Бутел, кој на престижниот турнир LUX OPEN 2026 во Луксембург стигна до златниот медал во категоријата до 80 килограми.

Филип на патот до златото ги совлада противниците од Норвешка, Велика Британија, Германија и Грција, прикажувајќи одлични борби и сигурни настапи. Со четири убедливи победи, Блажевски уште еднаш ја потврди својата одлична форма и квалитет во силна меѓународна конкуренција.

Турнирот LUX OPEN важи за еден од поквалитетните европски таеквондо настани, со учество на натпреварувачи од голем број држави. Блажевски минатата година освои европска бронза во У21 конкуренција и важи за еден од најголемите македонски олимписки надежи.

Уште еден одличен резултат за Македонија оствари и Милијана Релиќ, која повторно се искачи на победничкиот пиедестал освојувајќи сребрен медал.

Релиќ до финалето стигна со три сигурни и убедливи победи, откако успеа да ги совлада двете противнички од Германија, како и една натпреварувачка од Луксембург. Во борбата за златото беше поразена од Бразилката Санди Македо, но и покрај тоа уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите македонски таеквондистки во моментов.

Со новите медали, македонските таеквондисти продолжуваат успешно да ја претставуваат државата на меѓународните турнири и да најавуваат уште поголеми успеси во иднина.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Останато

Ѓорческа ќе игра против финалистката од ланскиот Вимблдон

По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон, кој го...

Останато

ФОТО: По блесокот во Норвешка, Изабела Зајков се подготвува за Светското првенство во Полска

Младата македонска натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ), Изабела Зајков, зад себе има...

Останато

Историски успех за Лина Ѓорческа – избори учество на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон, како прва...

Останато

Охрид повторно беше домаќин на еден од најзначајните ИТФ таеквон-до настани во регионот

На 20 јуни 2026 година, во спортската сала „Билјанини Извори“, во организација...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!