Ракомет

Гогов пред дербито со Пелистер: „Се надевам дека заедно со навивачите ќе се радуваме на нова победа“

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Вардар и Еурофарм Пелистер во недела ќе ги одмерат силите во дербито од деветтото коло во Супер машката лига. За скопскиот состав, дуелот со големиот ривал доаѓа по период исполнет со бројни обврски, но амбициите остануваат непроменети – нова победа и продолжување на патот кон одбраната на шампионската титула.

Капитенот на „црвено-црните“, Васил Гогов, признава дека густиот распоред оставил трага врз екипата. Сепак, тој нагласува дека важноста на дербито и борбата за трофејот се доволна мотивација играчите да го надминат заморот и да го дадат максимумот на теренот.

„Нашата цел е да ја одбраниме шампионската титула. Зад нас е еден тежок месец, со многу натпревари и тренинзи. Заморот е присутен, но кога доаѓаат вакви натпревари, сето тоа се остава на страна.“

Гогов очекува Вардар да ја искористи енергијата што ја носи ваквата средба и да одигра пред исполнети трибини. Поддршката од навивачите, според капитенот, може да биде важен дел од атмосферата во која вардарци ќе се обидат да стигнат до посакуваниот исход.

„Мотивацијата и енергијата се присутни во екипата. Ќе дадеме сè од себе и се надевам дека ќе играме пред полна сала и во одлична атмосфера. Посакувам на крајот заедно со нашите навивачи да се радуваме на нова победа“, изјави Гогов.

Капитенот и соиграчите ќе имаат можност своите најави да ги преточат во дело пред домашната публика. Вардар го пречекува Еурофарм Пелистер в недела, на 1 ноември, од 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански“, во натпревар што носи голем влог и дополнителен мотив за двата тима пред репрезентативната пауза.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

РФМ воведува нов систем за селекција на пионерите, Матлиески го објави првиот список!

Ракометната федерација на Македонија прави нов чекор во развојот на младинскиот ракомет, воведувајќи поинаков модел за следење и селектирање на најперспективните ракометари во...

Ракомет

Алкалоид го декласираше Прилеп со десет гола разлика

Алкалоид без проблеми го доби Прилеп за осми сезонски триумф откако во Автокоманда тимот на Кирил Лазаров беше убедлив со 37:27 со што...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

РФМ воведува нов систем за селекција на пионерите, Матлиески го објави првиот список!

Ракометната федерација на Македонија прави нов чекор во развојот на младинскиот ракомет,...

Ракомет

Алкалоид го декласираше Прилеп со десет гола разлика

Алкалоид без проблеми го доби Прилеп за осми сезонски триумф откако во...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе го судат вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер!

Ракометната федерација на Македонија ја довери судиската одговорност за едно од најголемите...

Ракомет

Чупиќ ја прифаќа фаворитската улога: Вардар сака победнички крај пред паузата!

Вардар го очекува нов голем предизвик во домашниот шампионат. „Црвено-црните“ во недела...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!