Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Сподели
Сподели

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски и му честиташе за освоеното второ место во генералниот пласман во ФИМ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Со освојувањето на европската вицешампионска титула, Бузалковски ја заокружи извонредната сезона во ова престижно натпреварување, постигнувајќи го најголемиот успех во историјата на македонскиот мотоциклизам.

Министерот Ристовски му упати честитки за успехот и за одличната сезона и истакна дека Министерството за спорт секогаш ќе го вреднува успехот и ќе биде поддршка за спортистите кои достојно ја претставуваат Македонија.

„Освојувањето на европската вицешампионска титула е голем успех за Христијан, но и за македонскиот мотоспорт. Ваквите резултати заслужуваат почит и поддршка. Како Министерство за спорт, ќе продолжиме да ги вреднуваме спортските достигнувања и да создаваме услови за развој на спортистите кои со својата работа и посветеност достојно ја претставуваат Македонија на меѓународната спортска сцена“ – истакна Ристовски.

Бузалковски се заблагодари за приемот и честитките, изразувајќи посебна благодарност за поддршката што ја добива од министерот Ристовски и од Министерството за спорт, која, како што истакна, има значајно место во неговиот натпреварувачки пат и во остварувањето на овој историски резултат.

Министерството за спорт и понатаму ќе продолжи да ги поддржува спортистите и спортските резултати кои придонесуваат за афирмација на македонскиот спорт на европско и на светско ниво.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе го судат вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер!

Ракометната федерација на Македонија ја довери судиската одговорност за едно од најголемите ракометни соочувања во земјата на добро познатата судиска двојка Димитар Митревски...

Ракомет

Гогов пред дербито со Пелистер: „Се надевам дека заедно со навивачите ќе се радуваме на нова победа“

Вардар и Еурофарм Пелистер во недела ќе ги одмерат силите во дербито од деветтото коло во Супер машката лига. За скопскиот состав, дуелот...

Поврзани написи
Останато

Македонија со тројца претставници на Младинските олимписки игри во Дакар 2026

Македонија ќе има тројца свои претставници на Младинските олимписки игри во Дакар...

Останато

Ѓорческа елиминирана од ИТФ W50 турнирот во Истанбул

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ W50 турнирот во...

Останато

Орион Старс го победи Штип УГД, македонскиот шампион освои два сета во „Џексон“

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД загуби од холандскиот првак Орион Старс со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!