Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ W50 турнирот во Истанбул, кој се игра во сала, откако во второто коло загуби од Ралука Шербан од Кипар со 1:2 во сетови, по два часа игра.
Ова беше осмиот меѓусебен дуел на двете тенисерки, а по оваа средба билансот е израмнет на 4:4 во победи.
Ѓорческа одлично го започна мечот и убедливо го освои првиот сет со 6:0, не дозволувајќи ѝ на противничката да освои ниту еден гем. Сепак, во вториот сет следуваше целосен пресврт, па Шербан доминираше на теренот и со 6:1 израмни на 1:1 во сетови.
Одлуката за победникот падна во решавачкиот трет сет. Кипарската тенисерка поведе со 5:2 во гемови, Ѓорческа успеа да намали на 5:4 и да ја врати неизвесноста, но не и да направи целосен пресврт. Шербан го освои следниот гем и ја запиша победата.
Следниот настап Ѓорческа треба да го има на ИТФ турнирот во Ираклион.