Останато

(ФОТО) Охрид Ултра-Треил 2026: Осмото издание на најголемиот настан во планинско трчање во Македонија успешно заврши

Сподели
ФОТО: Ohrid Ultra-Trail
Сподели



Изминатиот викенд, на 22 и 23 мај 2026 година, на падините на планината Галичица и во Охрид се одржа осмото издание на планинската ултрамаратонска трка Ohrid Ultra-Trail. Настанот и оваа година донесе вистински спортски спектакл, обединувајќи професионални и рекреативни тркачи од целиот свет на едни од најубавите планински патеки во регионот.

Годинава, Ohrid Ultra-Trail забележа рекордно издание со 920 натпреварувачи од 40 држави, кои настапија на шест различни трки: 105 км, 65 км, 42 км, 21 км, 10 км и 10 км јуниорска категорија. Сите трки се одвиваа низ пределите на Националниот парк Галичица, со заеднички финиш на градскиот плоштад во Охрид.

Учесниците имаа можност да трчаат низ уникатните планински пејзажи помеѓу Охридското и Преспанското Езеро, по патеки кои нудат комбинација од технички терен, висински предизвици и панорамски погледи карактеристични за регионот.

ФОТО: Ohrid Ultra-Trail

Во продолжение следуваат најдобрите резултати по категории:

Ohrid Ultra-Trail (105 км)

Мажи:
1. Thomas HAAG – Франција 13:57:34
2. Mário KLOBUČNÍK – Словачка 15:31:29
3. Aguron HODA – Косово 15:37:10

Жени:
1. Ivana CENERIĆ – Србија 16:54:30 (рекорд на патека)
2. Ivana NAJDOVSKA – Македонија 18:27:59
3. Daniela ATANASOVSKA – Македонија 20:32:11

ФОТО: Ohrid Ultra-Trail

Galicica Ultra (65 км)

Мажи:
1. Aleksandar STOJKOSKI – Македонија 06:21:35 (рекорд на патека)
2. Antonio KARANFILOSKI – Македонија 07:45:00
3. Sladjan STOSIC – Србија 07:51:00

Жени:
1. Lemonia PANAGIOTOU – Грција 09:08:43
2. Kornelija TODOSOVA – Македонија 10:37:24
3. Sanja NAJDOVSKI – Македонија 10:41:01

ФОТО: Ohrid Ultra-Trail

Samotska Trail (42 км)

Мажи:
1. Zlatko KARCHESKI – Македонија 03:52:11
2. Slavko PANIC – Србија 04:06:06
3. Borche HRISTOV – Македонија 04:15:50

Жени:
1. Elena KARANFILOSKA – Македонија 04:27:41
2. Tuğçe KARAKAYA – Турција 04:31:18
3. Lidija RADULOVIĆ – Србија 05:10:44



Letnica Trail (21 км)

Мажи:
1. İbrahim GÜNEŞ – Турција – 01:57:12 – (рекорд на патека)
2. Francisco Javier TEJONERO VALDÉS – Шпанија – 01:57:30
3. Michail KALLIMANIS – Грција 01:57:32

Жени:
1. Aleksandra TANASOSKA – Македонија 02:38:31
2. Olga RISTESKA – Македонија 02:42:34
3. Areti SPIRIDOU – Грција 02:48:45

Ramne Trail (10 км)

Мажи:
1. Dimitar KOCOVSKI – Македонија 00:46:28
2. Simon KALANOVSKI – Македонија 00:48:08
3. Kristijan NAUMOVSKI – Македонија 00:50:50

Жени:
1. Aleksandra OROVCHANEC – Македонија 00:57:37
2. Bojana NAUMOVSKA – Македонија 01:02:10
3. Dilara Sultan KAYA – Турција 01:04:07



Јуниорска категорија (10 км)

Мажи:
1. Ilija JANKULOVSKI – Македонија  00:53:07
2. Nikola STOJKOVSKI – Македонија 00:56:07
3. Andrej GALEVSKI – Македонија 01:05:58

Жени:
1. Ilijana DIMITROVSKA – Македонија 01:08:38
2. Sara SEKULOSKA – Македонија 01:11:00
3. Elena JANEVSKA – Македонија 01:11:12

Трката Galicica Ultra и оваа година беше дел од националниот календар на скајранинг дисциплината, а најдобро пласираните македонски натпреварувачи ќе имаат можност да ја претставуваат државата на меѓународни натпреварувања.

ФОТО: Ohrid Ultra-Trail

Ohrid Ultra-Trail продолжува да се развива како еден од најзначајните настани во планинско трчање во регионот, препознатлив по својата интернационална атмосфера, природните убавини и високото организациско ниво. Настанот е во организација на спортските здруженија Трекс од Скопје и Топ Адвенчрс од Охрид, со поддршка од локални институции, партнери, волонтери и спасувачки служби.

Во рамки на тркачкиот викенд беше организиран и традиционалниот Expo настан, кој се одржа во спортскиот комплекс „Климент Колески“, каде посетителите имаа можност да се запознаат со спортска опрема, партнери и активности поврзани со аутдор и треил културата.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на 4. коло во Третата лига – Регион 3, во кое силите...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата македонска футсал лига. По две последователни шампионски титули во сезоните 2023/24...

Поврзани написи
Останато

Филип Маџунков повторно во дресот на ОК Струмица 47&72

ОК Струмица 47&72 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

Останато

Претседателот на Судиската комисија на ЦЕВ доаѓа во Скопје да ги обучува македонските одбојкарски судии

Министерот за спорт Борко Ристовски оствари средба со претседателот на Судиската комисија...

Останато

ОК Струмица 47&72 го претстави американскиот одбојкар Тајлер Трип

ОК Струмица 47&72 го промовираше своето ново засилување за сезоната 2026/27. Станува...

Останато

Десет екипи, ист систем и Шкендија Волеј како дебитант во Втората лига жени

Втората лига жени во сезоната 2026/2027 ќе брои десет екипи, осум „староседелци“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!