Ракомет

Охрид со срце до триумф во Унгарија, европскиот трофеј е сè поблиску!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид направи голем чекор кон европскиот трофеј, откако славеше на гостувањето кај МОЛ Татабања со 29-28 во првиот финален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот претставник во драматична завршница успеа да стигне до триумф, па така одлучувачката битка за титулата ќе се води следниот викенд во преполните трибини на „Билјанини извори“.

Охриѓани одиграа фантастично прво полувреме и целосно го контролираа натпреварот во Унгарија. Избраниците на Борис Ројевиќ со цврста и агресивна одбрана го оттурнаа ривалот од ритам уште на стартот, а одличниот Кристијан Пилиповиќ беше еден од клучните фактори за високата предност. Домашниот состав имаше долги „црни минути“ без погодок, што Охрид го искористи за серија и водство од 2-6, а на паузата македонскиот тим замина со сигурни 8-13.

Во продолжението Татабања се обиде да се врати во игра, но Охрид долго време успешно ја одржуваше предноста. Покрај Пилиповиќ, значајна улога имаше и Јасухира, додека Дарко Ѓукиќ и Анте Иванковиќ беа главните реализатори во нападот. Во редовите на унгарскиот тим настапи и македонскиот репрезентативец Филип Талески, кој постигна атрактивен погодок со цепелин.

Иако во еден момент Охрид имаше и шест гола предност (19-25), финишот донесе огромна неизвесност. Татабања направи серија и успеа да се врати целосно во натпреварот, а на две минути пред крајот резултатот беше израмнет. Домашниот тим дури стигна и до првото водство на мечот преку Родригез за 28-27, но Охрид не се предаде. Иванковиќ најпрво израмни, а по важната интервенција на Пилиповиќ, Дарко Ѓукиќ на само три секунди до крајот стрелаше за голема победа и ерупција на радост кај македонскиот состав.

Најефикасни кај Охрид беа Дарко Ѓукиќ и Анте Иванковиќ со по седум погодоци, додека Кристијан Пилиповиќ мечот го заврши со десет одбрани. Кај Татабања се издвои Елеш Бенедек со девет гола, а Филип Талески двапати се запиша меѓу стрелците.

Реванш натпреварот, кој ќе го даде новиот освојувач на европскиот трофеј и наследник на РК Алкалоид, ќе се игра следниот викенд во Охрид.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Брера го декласираше Новаци со четири гола, Сашо Дуков донесе три бода за Кожуф, лидерот Охрид убедливо го доби Шкупи

Брера Струмица забележа убедлива победа над Новаци со што тимот на Ѓорѓе Стојчев експресно се врати на победничките патеки по поразот во претходното...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Доне Ристовски ќе го суди дербито меѓу Тиверија Брера и Каменица Саса, Вјолца Изеири главна на мечот меѓу Вардар и Ас Јунајтед

Утре со три натпревари ќе се отвори 11. коло на Првата женска фудбалска лига, а ќе биде комплетирано на 3 ноември со два...

Поврзани написи
Ракомет

Митревски и Тодоровски со нова меѓународна задача, ќе судат на дуелот Италија – Словачка

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со меѓународните обврски,...

Ракомет

Браќата Илиевски со европско делегирање, ќе судат на дуелот Холандија – Финска

Македонското судење ќе има уште еден претставник на меѓународната сцена во претстојниот...

РакометРакометна репрезентација

Без македонски судии на СП 2027, ИХФ ги објави делителите на правдата!

Светското првенство во ракомет во 2027 година ќе мине без македонски судиски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!