Алкалоид без проблеми го доби Прилеп за осми сезонски триумф откако во Автокоманда тимот на Кирил Лазаров беше убедлив со 37:27 со што прилепчани се соочија со четвртиот сезонски пораз.
Алкалоид како фаворит одлично го отвори натпреварот и имаше разлика која постепено ја надоградуваше со што на полувреме резултатот беше 18:14.
Во вториот дел само на рутина Алкалоид ја потврди големата победа од десет разлика односно 37:27 на воведниот меч од 10. коло.
Никола Костески со десет гола беше прво име кај Алкалоид, кај Прилеп со пет гола се издвои Петар Марковски.
До комплетирањето на колото Алкалоид ќе биде втор со 16 бодови, а во следното коло ќе гира дерби со Вардар, додека Прилеп кој го запиша третиот пораз во низа има осум бодови за шесто место, но доколку Еурофарм Пелистер 2 ја добие Струга, тогаш прилепчани ќе завршат на седмото место односно надвор од плеј-оф зоната.