РакометРакометна репрезентација

РФМ воведува нов систем за селекција на пионерите, Матлиески го објави првиот список!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Ракометната федерација на Македонија прави нов чекор во развојот на младинскиот ракомет, воведувајќи поинаков модел за следење и селектирање на најперспективните ракометари во пионерската машка репрезентација до 16 години.

Новиот систем предвидува поделба на младите ракометари во два региона – Југозападен и Североисточен, со што стручниот штаб ќе добие можност подетално да ги следи кандидатите и да направи пореална проценка на нивниот потенцијал. Целта е да се опфатат што поголем број таленти од целата држава и да им се овозможи еднаква шанса за докажување.

Дел од овој процес ќе бидат и три меѓународни турнири во рамки на регионалниот проект У16, во кој покрај Македонија учествуваат и Црна Гора и Косово. Првиот собир ќе се одржи во Црна Гора во ноемвриската ЕХФ недела, каде што нашата селекција ќе ја претставуваат ракометари од Југозападниот регион. Во јануари 2027 година Македонија ќе биде домаќин на вториот турнир, со играчи од Североисточниот регион, додека на завршниот турнир во Косово ќе настапи најдобрата пионерска селекција.

Во меѓувреме, селекторот на репрезентацијата до 16 години, Никола Матлиески, го објави списокот на повикани ракометари за претстојниот турнир во Црна Гора. Собирот е закажан за 3 ноември 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во спортската сала „Расадник“ во Скопје.

Оваа генерација ја очекува и уште еден значаен меѓународен предизвик – настап на Медитеранските игри, кои ќе се одржат во Скопје од 18 до 25 април 2027 година.

По реализацијата на трите регионални турнири, стручниот штаб ќе ги анализира настапите и индивидуалните квалитети на младите ракометари, по што ќе следува формирање на единствена пионерска репрезентација.

Со овој пристап, РФМ настојува да создаде поширока база на кандидати, да им даде поголем простор на младите таленти и да постави основа за создавање на идните генерации на младински и сениорски репрезентативци.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

РФМ воведува нов систем за селекција на пионерите, Матлиески го објави првиот список!

Ракометната федерација на Македонија прави нов чекор во развојот на младинскиот ракомет, воведувајќи поинаков модел за следење и селектирање на најперспективните ракометари во...

Ракомет

Алкалоид го декласираше Прилеп со десет гола разлика

Алкалоид без проблеми го доби Прилеп за осми сезонски триумф откако во Автокоманда тимот на Кирил Лазаров беше убедлив со 37:27 со што...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид го декласираше Прилеп со десет гола разлика

Алкалоид без проблеми го доби Прилеп за осми сезонски триумф откако во...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе го судат вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер!

Ракометната федерација на Македонија ја довери судиската одговорност за едно од најголемите...

Ракомет

Гогов пред дербито со Пелистер: „Се надевам дека заедно со навивачите ќе се радуваме на нова победа“

Вардар и Еурофарм Пелистер во недела ќе ги одмерат силите во дербито...

Ракомет

Чупиќ ја прифаќа фаворитската улога: Вардар сака победнички крај пред паузата!

Вардар го очекува нов голем предизвик во домашниот шампионат. „Црвено-црните“ во недела...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!