ФудбалЧетврта лига

Напредок ја шокираше Слога во Злеово, Интер Кукла и Огражден убедливи, „кикс“ на Спартмани

Сподели
Сподели



13-тата рунда донесе изненадувања во Општинската фудбалска лига во Струмица, откако „фенерџијата“ Напредок во Радово успеа да ја изненади Слога од Злеово која ја имаше фаворитската улога со триумф од 2:0.

За тимот на Напредок ова е само втора сезонска радост, додека пак Слога го претрпе својот четврт сезонски пораз.

Огражден без проблеми ја оправда фаворитската улога откако со сигурни 0:3 славеше над Дрвош и со тоа трите бодови заминаа во Ново Село.

Следното коло се игра директна дерби пресметка меѓу Огражден и Интер Кукла, триумф и реми му одговара на Огражден за да биде шампион, а за тимот од Куклиш само три бодови е опција за да биде шампион.

Токму Интер Кукла денес со убедливи 6:2 славеше над Единство од Пиперово, враќајќи се на победничките патеки.

Илинден успеа да го изненади фаворитот Спартмани и на негов терен во Балдовци да му земе бод откако одигра 2:2.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ОФЛ СТРУМИЦА:



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Илинден осум од осум, Коњаре со пресврт го доби Студеничани, триумф за Ржаничино

Илинден продолжува со максимален ефект во Третата македонска фудбалска лига – Регион 1. Лидерот во осмото коло убедливо го совлада КУЛ-Здравје со 0:5,...

Кошарка

МЗТ одговори по поразот во Струмица: Пелистер запрен на 60 поени

МЗТ Скопје Аеродром се врати на победите во МТЕЛ Суперлигата, совладувајќи го Пелистер со 74:60 на 1 ноември во СЦ „Јане Сандански“. Шампионот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Илинден осум од осум, Коњаре со пресврт го доби Студеничани, триумф за Ржаничино

Илинден продолжува со максимален ефект во Третата македонска фудбалска лига – Регион...

Трета лигаФудбал

Победа со „шестка“, Саса убедлива во дербито, Малеш до триумф во 90. минута

Осмото коло во Третата македонска фудбалска лига – Регион 3 донесе 24...

Втора лигаФудбал

Пелистер со шест гола го испрати Детонит, Работнички ѝ го нанесе првиот пораз на Беласица

Пелистер, Работнички и Камјани забележаа домашни победи во денешните четири натпревари со...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Димоски: Шкендија има најголем квалитет во лигата, во Штип одиме по трите бодови!

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија, денес ќе гостува во Штип,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!