ФудбалФутсал

Форца слави во дербито против Проект – Левески и Рамадани носат три бода за шампионот!

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

Вечерва се одигра големото дерби во Првата футсал лига меѓу актуелниот шампион Форца и поранешиот шампион Проект, кој е повратник во елитното натпреварување, откако дербито кое првично требаше да се одигра во саботата, беше одложено за денес, бидејќи салата во Куманово протече од обилните врнежи на дожд.

Форца со резултат од 2:1 вечерва се радуваше во првото меѓусебно соочување на овие две екипи, Проект поразен се враќа дома.

По само три минути игра искусниот Зоран Левески го отвори резултатот за водство на домашниот тим, а во 11. минута Берат Рамадани постигна гол за 2:0. На четири минути пред крајот на првиот дел Никола Анчевски постигна гол за 2:1 на полувреме.

Во вториот дел од натпреварот мрежите мируваа и на двете страни со што трите бодови останаа во Куманово, Форца запиша победа и останува непоразен лидер во Првата футсал лига на Македонија и го трасира патот кој својата цел – одбрана на титулата.


Одлична судиска арбитража на Марјан Младеновски, Дејан Младеновски и Филип Ицковски.

Колото ќе се комплетира утра со мечот во Крива Паланка каде ќе се соочат Осогово и Шкупи.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ПРВАТА ФУТСАЛ ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ ФОРЦА 2015 8 8 0 0 65 23 +42 24
2 КМФ ПРОЕКТ 8 6 1 1 34 15 +19 19
3 КМФ ШКУПИ 1927 ДОО 7 6 0 1 34 10 +24 18
4 КМФ ОСОГОВО 2022 Крива Паланка 7 4 1 2 36 29 +7 13
5 КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ 8 3 0 5 19 37 -18 9
6 КМФ КЛИМИ Кавадарци 8 2 2 4 35 34 +1 8
7 ФК ЦРНА РЕКА/КМФ 8 1 2 5 27 39 -12 5
8 КМФ КЕГИ-МОБИ Велес 8 1 2 5 21 53 -32 5
9 КМФ ЈУВЕНТУС СЕРАВА(-3) 8 2 1 5 30 43 -13 4
10 КМФ БУТЕЛ 2022 8 0 3 5 18 36 -18 3

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на 17 ноември ги очекува исклучително важен дуел во Лигата на Европа....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!