Три средби ќе се одиграа в сабота, а една во недела, во рамките на 5. коло на Втората футсал лига слободна ќе биде екипата на Мал Ајакс.
Петтото коло ќе го одбележи големото дерби меѓу Каршиака и Црна Река, две непоразени екипи. Каршиака од четири средби има максимални 12 бодови, а пак Црна Река има три од три и девет бодови, но и меч помалку од лидерот.
Интересно е да се анализира нападот и одбраната на двете кипи. Каршиака на четири меча постигна 24 погодоци или просек од шест гола по меч, а одбраната прими шест или во просек 1,5 гола по меч.
Од друга страна Црна Река има 26 постигнати гола на три меча односно 8,6 погодоци по меч, а пак одбраната на три меча примила осум гола или просек од 2,6 по меч.
Дербито меѓу Каршиака и Црна Река од Кавадарци е закажан за сабота од 19:30 часот во салата „Али Тефик Демири“ во Студеничани.
Шутка 1 на домашен терен ќе се соочи со Кратово во дуел каде домаќинот оди по вториот сезонски триумф, а пак гостинот ќе ги бара првите бодови.
Средбата се игра во Шуто Оризари, а стартот на мечот е во 19 часот.
По лошото отварање на сезоната Победа на домашен терен против Овче Поле ќе бара први бодови, а пак гостинот од Свети Николе посакува втор позитивен резултат оваа сезона односно оди по втора сезонска победа.
Мечот се игра во „Ристе Ристевски – Ричко“ од 15 часот.
Колото се затвара во недела од 20 часот со мечот меѓу Балкан и Фудбал Старс од Кочани. Домашниот тим по големиот пораз од Црна Река во Кавадарци ќе сака експресно враќање на победите, а гостинот бара втора сезонска победа.
Во рамките на петтото коло слободна ќе биде екипата на Мал Ајакс од Штип.