Прва лигаФудбал

Младиот и талентиран Игор Ристов ги бележи првите настапи за првиот тим на Брера Струмица!

Сподели
Сподели

Младиот и талентиран фудбалер Игор Ристов ги бележи првите настапи за првиот тим на Брера Струмица.

Ристов кој е член на репрезентацијата на Македонија до 17 години своето деби за првиот тим на Брера Струмица го имаше на натпреварот против шампионот Струга Трим Лум (1:1) откако во игра влезе во самиот финиш на натпреварот и одигра неколку минути, но на натпреварот против Беса на кој Брера славеше со 0:1, радовишанецот на теренот помина 67 минути.

Овие се првите два натпревари за Ристов во Првата македонска фудбалска лига, откако претходно запиша два настапи во младинската Лига на шампиони, во квалификацискиот двомеч со Сарајево од БиХ.

Пред Ристов повеќе од јасно е дека ќе следува светла фудбалска иднина, тој е член на Брера Струмица од 2019 година, откако претходно беше дел од Детонит Плачковица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Скопје до голем бод против Струга, Наумовски блескаше на голот

Фудбалерите на Скопје приредија пријатно изненадување во второто коло од Првата македонска фудбалска лига, откако на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ одиграа 1-1 против фаворизираната...

Прва лигаФудбал

Шкендија го освои првото големо дерби, Тамба двапати стрелаше за пораз на Вардар

Шкендија со триумф го напушта првото големо дерби во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига. Тетовчани на Националната Арена „Тодор Проески“ го...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Скопје до голем бод против Струга, Наумовски блескаше на голот

Фудбалерите на Скопје приредија пријатно изненадување во второто коло од Првата македонска...

Прва лигаФудбал

Шкендија го освои првото големо дерби, Тамба двапати стрелаше за пораз на Вардар

Шкендија со триумф го напушта првото големо дерби во новата сезона на...

ИнтернационалциФудбал

Салим Арифи пред нов голем чекор: Анталија тргна по прилепскиот голгетер кој експлодираше во Косово!

Суперталентираниот прилепски напаѓач Салим Арифи продолжува да го привлекува вниманието со своите...

Прва лигаФудбал

Наумовски: Сакаме да останеме непоразени против Струга Трим Лум

Новиот прволигаш ФК Скопје има тежок распоред на стартот на сезоната во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!