Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со промоција на ракометари од развојниот состав Еурофарм Пелистер 2 во екипата која се бори за највисоките цели.

Најново име кое добива шанса во сениорскиот тим е младинскиот репрезентативец Ненад Белистојаноски. Десното крило од сезоната 2026/27 ќе го носи дресот на шампионот на Македонија, откако потпиша договор со клубот до јуни 2028 година.

Белистојаноски има 21 година, роден е во Прилеп, но неговиот ракометен развој е целосно врзан за Битола, каде ги помина сите категории и постепено се изгради во сериозен потенцијал. Со континуирана работа и напредок, тој заслужено стигна до прагот на сениорскиот состав.

Од клубот изразуваат голема доверба во неговиот потенцијал, очекувајќи да биде важен дел од иднината на тимот, но и кандидат за настап во сениорската репрезентација на Македонија.

Младиот ракометар ќе им се приклучи на новите соиграчи на јулските подготовки, додека неговото официјално претставување како член на Еурофарм Пелистер е планирано на стартот од подготовките за новата сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на сцената со полна пареа! Во рамките на 9. коло од Првата...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!