КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Сподели
Сподели



Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и со тоа ја освои Куп титулата, комплетирајќи ја двојната круна оваа сезона.

Натпреварот започна во знакот на тимот од Јосифово. По само пет минути игра, радовишанецот Горан Стојанов го отвори резултатот за 1:0, а веќе во 10. минута Бојан Јанев ја искористи грешката во одбраната на велешани и зголеми на 2:0.

Проект продолжи со силното темпо, а по одлична акција и индивидуален продор, искусниот Мартин Тодоровски погоди за 3:0. Веднаш потоа, истиот играч асистираше за вториот гол на Горан Стојанов, кој донесе убедливи 4:0.

Лошата игра на Кеги Моби го натера тренерот Панче Нанев да побара тајм-аут во обид да го консолидира тимот, кој веќе беше во сериозна резултатска криза. Сепак, доминацијата на Проект продолжи, и покрај неколкуте одлични интервенции на голманот Иван Стојановски – Шбава, кој спречи уште поголема негатива.

До крајот на првото полувреме, Горан Стојанов комплетираше хет-трик, а Трајче Трајков погоди за ублажување на 5:1 на полувреме.

Во вториот дел, Никола Анчевски ја продолжи гол-серијата за 6:1, додека Кеги Моби успеа да намали преку Кирил Ивановски за 6:2. Сепак, Проект не застана – Анчевски повторно беше прецизен за 7:2, а Ивановски со својот втор гол намали на 7:3.

Конечниот резултат го постави Ѓорги Коцевски во самата завршница за убедливи 8:3 и големо славје на тимот од Јосифово.



Проект ја завршува сезоната без пораз, играјќи атрактивен и ефикасен футсал под водство на Игор Димов. Со освоените шампионска титула и Куп, тимот заслужено ја потврди својата апсолутна доминација на домашната сцена.

Двојната круна сосема заслужено заминува во Јосифово.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!