Втора лигаФудбал

Што ќе донесе мечот во Струмица: Беласица сака конечно победа, Пелистер да биде на врвот

Сподели
Сподели

Денес ќе се комплетира седмата рунда на Втората македонска фудбалска лига со мечот во Струмица под рефлектори меѓу Беласица и Пелистер, дуел од голема важност и за двете екипи.

Беласица ќе бара победа по повеќе од еден месец и прекин на низата од четири ремија, а пак Пелистер со победа ќе биде нов лидерот во Втората лига, откако Охрид ремизираше со Брера на домашен терен.

Битолчани на овој меч влегуваат со 14 бодови, а пак Беласица со десет на своето конто. Доколку трите бодови останат во Струмица, Беласица одново ќе биде на петтото место, но бодовно ќе биде блиску до врвто, додека пак Пелистер, со победа, ќе има 17 бодови и ќе значи прво место.

Влатко Илиоски ќе биде главен судија, а ќе му помагаат Борис Трајков и Дино Конески, а пак Кирил Смоквоски ќе биде четврти судија.

Средбата се игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица од 18 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид сигурен и во Куманово, Ројевиќ и неговите момци впишаа нови бодови!

Ракометарите на Охрид продолжуваат со успешните настапи во Супер лигата. „Гладијаторите“ се враќаат со цел плен од гостувањето кај Куманово, каде што славеа...

Кошарка

ГКК Штип ја запиша историската прва победа во Суперлигата, Струмица 2001 по триумфот над шампионот поразена во „Џексон“!

Кошаркарите на ГКК Штип конечно се израдуваа на првата победа во дебитантската сезона во МТЕЛ Суперлигата, откако во натпреварот од петтото коло ја...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера може да го притисне врвот пред дербито Љуботен – Скопје

Дербито за првото место се игра во вторник, но притисокот врз водечките...

Трета лигаФудбал

Илинден го „прегази“ Кул Здравје со пет гола, хет-трик на Давид Ристовски

Непоразениот лидер Илинден забележа уште една висока победа, откако на воведниот меч...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Речица на крилата на Дарио Јакимовски го доби Влазними од Оризари

Речица со минимална победа од 1:0 над Влазними од Оризари го отвори...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!