Кошарка

Позната плеј-оф четворката: следува последното коло од ТОП 6 фазата во кошаркарската елита на Македонија

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели



Со одигрувањето на петтиот круг од ТОП 6 фазата, практично се стави крај на сезоната за екипите на Кожув и Тиквеш Голден Игл, кои нема да продолжат во плеј-офот. Воедно, веќе се познати четирите екипи кои ќе се борат за шампионската титула, а последното коло ќе биде само формалност без промени на табелата.

И покрај тоа што дилемите се решени, преостануваат уште три натпревари од регуларниот дел кои ќе послужат како подготовка за претстојниот плеј-оф.

Два натпревари се закажани за 30 април. Во Битола, со почеток од 14:30 часот, Пелистер ќе го пречека Тиквеш Голден Игл. Домашниот тим ќе се обиде да ја потврди третата позиција, особено по големата победа на гостински терен против актуелниот шампион МЗТ Скопје, со што ќе влезе во плеј-офот со дополнителна самодоверба, каде повторно ќе се сретне со тимот од Аеродром.

Во вечерниот термин од 20:30 часот, МЗТ Скопје ќе гостува во Маџари кај истоимениот тим. Аеродромци ќе се обидат да ја поправат сликата по поразот од Пелистер и да влезат подготвени во полуфиналната серија.

Последниот натпревар од оваа фаза ќе се одигра на 1 мај во Гевгелија, во салата „26 април“, каде Кожув ќе го пречека лидерот ТФТ со почеток од 19:00 часот.

Иако резултатски нема да има промени, овие дуели ќе бидат добра увертира за она што следува – плеј-оф битката за шампионската титула.



Сподели

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27,...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој...

Кошарка

Тарик Брунчевиќ е ново големо засилување на КК Работнички

КК Работнички АД Скопје го промовираше Тарик Брунчевиќ како ново засилување за...

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски, Александровски, Димчевски и Бајрам

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!