Кошарка

ТФТ поразен во драматично финале: Широки Бријег со минимален триумф до титулата и АБА лигата

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели



Екипата на ТФТ не успеа да избори „мајсторка“ во финалната серија од АБА 2 лигата, откако во вториот натпревар загуби од Широки Бријег со минимални 87:86. Со овој триумф, гостинскиот тим ја затвори серијата со 2-0 и обезбеди пласман во елитната АБА лига.

Во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, домашниот состав имаше одличен старт. По првата четвртина ТФТ водеше со 25:21, а во втората дополнително ја зголеми предноста, па на полувреме замина со солидни 43:35.

Сепак, во второто полувреме следуваше пресврт. Широки значително го крена нивото на игра, особено во нападот, предводен од расположениот Трајс, кој беше незадржлив, особено во шутот за три поени. Гостите постепено ја топеа разликата и во решавачката четвртина влегоа со минимално заостанување од 61:59.

Финишот донесе вистинска драма. Широки успеа да поведе со 82:76 на нешто помалку од три минути до крајот, но ТФТ не се предаде. Со кошот на Говенс, домашните се вратија на 86:85 и најавија неизвесна завршница.

Сепак, во последните девет секунди, Трајс со својот 32. поен ја врати предноста на страната на Широки. Во последниот напад, Гордон имаше шанса да избори трет натпревар, но не успеа да погоди, по што следуваше големо славје на гостинскиот тим.
Кај ТФТ, дури петмина кошаркари имаа двоцифрен учинок. Најефикасен беше Говенс со 23 поени, Дејвис додаде 19, Ташовски 18, Самервил 14, додека Гордон постигна 12 поени.

И покрај поразот, сезоната за ТФТ сè уште не е завршена. Македонскиот претставник го очекува бараж-серија против Борац од Чачак, екипа која заврши на претпоследното место во АБА лигата, во битка за последното место во регионалната елита.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!