Кошарка

МЗТ и Работнички продолжуваат победнички, Куманово го запиша првиот триумф во Суперлигата откако славеше над Штип

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели



Второто коло од новата сезона во МТЕЛ Суперлигата донесе нови возбудувања, пресврти и потврда за добриот старт на актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром и Работнички, додека МКК Куманово стигна до првата победа во шампионатот.

МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето кај Кожув во Гевгелија со 81:73, откако по лошиот почеток успеа да ја преземе контролата и да направи пресврт. Домаќините ја добија првата четвртина со 26:18, но шампионот одговори во продолжението и на полувремето имаше минимална предност од 43:42.

Во второто полувреме аеродромци одиграа посигурно, а во завршницата не му дозволија на Кожув да се врати во натпреварот. Маслинко и Николиќ со по 19 поени беа најзаслужни за вториот сезонски триумф на МЗТ. Добра вест за шампионот е и враќањето на Војдан Стојановски по повредата, кој средбата ја заврши со девет поени.

Кај Кожув, Армстронг постигна 17 поени, Бурис 16, Крстевски 15, додека Симиќ забележа дабл-дабл од 14 поени и 12 скока, дополнет со седум асистенции.

  • Куманово го надигра Штип во второто полувреме

До првата победа во новата сезона стигна МКК Куманово, кој на домашен терен го совлада ГКК Штип со 70:59. Гостите имаа контрола во првите 20 минути и на паузата водеа со 34:29, но продолжението донесе целосен пресврт.

Кумановци ја добија третата четвртина со 22:13 и пред последниот период поведоа со 51:47. Во завршните десет минути избраниците на Марин Докузовски ја потврдија подобрата игра и стигнаа до заслужен триумф.

Репрезентативците Ѓуроски и Мекиќ беа меѓу главните предводници на победничкиот состав, со заеднички 31 поен. Мекиќ додаде и девет асистенции, Ѓуроски имаше осум скока, а Стевановиќ придонесе со 14 поени.



Кај ГКК Штип, Хамилтон беше најефикасен со 21 поен, Пал постигна 14, а Александровски заврши со 11 поени и пет скока.

  • Работнички убедлив против Тиквеш Голден Игл

Работнички продолжи во победнички ритам и ја запиша втората победа во првите две кола, откако во салата „Лазар Лечиќ“ славеше против Тиквеш Голден Игл. „Црвено-белите“ триумфираа со 86:66, решавајќи голем дел од работата уште во првото полувреме.

По почетните 19:12, домашниот состав ја зголеми предноста и по тројката на Говенс во 16. минута поведе со 40:19. На одморот Работнички имаше високи 49:26, а и покрај подобрата игра на гостите во третата четвртина, домаќините ја задржаа контролата и рутински го приведоа натпреварот до крај.



Виктор Ефремовски беше најефикасен кај Работнички со 21 поен. Рикиќ запиша 14 поени и 13 скока, Говенс имаше 12 поени и 11 асистенции, а Дамјан Робев додаде десет поени.

Во редовите на Тиквеш Голден Игл, триото Волф, Смит и Сукс заедно постигна 49 од вкупно 66-те поени на кавадарчани.

Со овие резултати, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички го продолжуваат успешниот почеток на сезоната, додека МКК Куманово го отвори својот победнички биланс во новиот шампионат.



Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Речица на крилата на Дарио Јакимовски го доби Влазними од Оризари

Речица со минимална победа од 1:0 над Влазними од Оризари го отвори 8. коло на Трета лига регион 2. Херој на единствениот погодок...

Втора лигаФудбал

Брера го декласираше Новаци со четири гола, Сашо Дуков донесе три бода за Кожуф, лидерот Охрид убедливо го доби Шкупи

Брера Струмица забележа убедлива победа над Новаци со што тимот на Ѓорѓе Стојчев експресно се врати на победничките патеки по поразот во претходното...

Поврзани написи
Кошарка

Струмица го запре МЗТ, Работнички остана единствен непоразен по четири кола

Четвртото коло на МТЕЛ Суперлигата заврши со најголемото изненадување досега — Струмица...

Кошарка

Сензација во „Парк“: Струмица 2001 го урна шампионот МЗТ Скопје Аеродром

Кошаркарите на Струмица 2001 приредија големо изненадување во четвртото коло од МТЕЛ...

Кошарка

Фримен со трипл-дабл на дебито, Гордон најдобар стрелец по второто коло во женската кошаркарска Прва лига

По комплетирањето на второто коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени,...

Кошарка

МЗТ Скопје со четврти пораз во ФИБА Еврокупот, АЕК Ларнака славеше во Скопје

МЗТ Скопје не успеа да ја прекине негативната серија во ФИБА Еврокупот,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!