Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

Сподели
ФОТО: ТФТ
Сподели

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако во „Т Арената“ го совлада Скопје со 102:98 во натпревар со многу поени и драматична завршница.

Домаќините уште од самиот почеток покажаа дека се решени да стигнат до триумф. ТФТ ја доби првата четвртина со убедливи 30:18, а на одморот замина со предност од 52:41. Во третиот период двете екипи одиграа израмнето, со по 22 постигнати поени, па тимот од Тафталиџе во последните десет минути влезе со водство од 74:63.

Сепак, Скопје не се откажа и во завршницата сериозно ја загрози победата на домашниот состав. Гостите постепено ја намалуваа негативата, а по тројката на Џонс, на нешто повеќе од една минута до крајот стигнаа до само еден посед заостанување – 90:92.

ТФТ, сепак, не дозволи целосен пресврт. Домашните кошаркари ги реализираа клучните напади во финишот и ја сочуваа предноста за конечни 102:98, со што го запишаа првиот триумф во првенството.



Најзаслужни за победата беа Цветковски и Сила. Младиот Цветковски беше најефикасен кај ТФТ со 24 поени и два скока, додека Сила оствари дабл-дабл учинок од 23 поени и 15 скока. Луис додаде 16 поени, Вајт постигна 11, а Николов ја заврши средбата со 10 поени и четири скока.

Кај Скопје, кое го претрпе вториот пораз во исто толку натпревари, Паркер беше најдобар стрелец со 31 поен и 10 скока. Џонс постигна 22 поени, со пет скока и три асистенции, Џексон забележа 19 поени, четири скока и пет асистенции, додека Змлденовски придонесе со 10 поени и четири асистенции.

По оваа средба, ТФТ може да се радува на првиот сезонски успех, додека Скопје ќе ја бара првата победа во продолжението од шампионатот.



Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово остана на врвот, Овче Поле со пресврт, Брегалница Делчево славеше во Дојран, Каменица Саса со сигурен триумф над „фенерџијата“

Победа Валандово со минимален триумф над Хоризонт Турново останува на врвот во од табелата во Третата лига – Регион 3. Каменица Саса остана...

Втора лигаФудбал

Голем триумф за Камјани, дебитантот во финишот ги освои бодовите против Еуромилк и изби на четвртото место

Во судиското продолжение Камјани стигна до триумф над Еуромилк ГЛ и изби на четвртото место со што се комплетира 12. коло на Втората...

Поврзани написи
Кошарка

Работнички незапирлив, МЗТ убедлив против Штип, Кожув со пресврт во Струмица, Пелистер славеше во Битола!

Осмото коло од кошаркарската МТЕЛ Суперлига донесе четири интересни натпревари, во кои...

Кошарка

Скопје преживеа пресврт во финишот: Паркер ја запечати втората победа

Скопје стигна до драгоцена победа над Тиквеш Голден Игл со 97:94, во...

Кошарка

МЗТ пред тест со разиграниот Штип, Работнички ја брани непобедливоста

Осмото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига денеска, 21 ноември, продолжува со четири...

Кошарка

МЗТ Скопје доби нов тренер – искусниот Дејан Мијатовиќ го презема македонскиот шампион!

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го реши прашањето околу новиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!