Младински фудбалФудбал

ФК АП Брера Струмица доминира во младинската лига – без пораз на чекор до шампионска титула

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели



Младинската екипа на АП Брера Струмица игра сезона за паметење, откако на 6 кола до крајот на првенството се наоѓа на врвот на табелата без ниту еден пораз.

Избраниците на тренерот Ѓорѓе Стојчев се единствени во лигата кои немаат загубен натпревар, со само едно реми против екипата на Охрид. Со тоа, младите струмичани се на чекор до шампионската титула и потенцијална промоција на генерација која ветува голема иднина.

Брера моментално има убедлива предност пред Вардар, од кој бега дури 11 бодови, а впечатлива е и гол-разликата од +113, со 126 постигнати и само 14 примени голови, што ја прави најдобра одбрана во лигата.

Посебно се издвојува и напаѓачкиот лидер Иван Шириќ, кој е најдобар стрелец во првенството со 32 погодоци и е еден од клучните играчи во оваа успешна сезона.

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ОХРИД КУП 2026 – ПРИЈАВИТЕ СЕ ОТВОРЕНИ ЗА НОВИОТ ДЕТСКИ ФУДБАЛСКИ СПЕКТАКЛ

Дополнителен успех за оваа генерација е и пласманот во полуфиналето од Купот на Македонија, што уште еднаш ја потврдува нивната квалитетна форма и континуитет.

Станува збор за една силна и перспективна генерација која под водство на Стојчев чекори кон голем успех и остава впечаток дека пред неа е светла иднина во македонскиот фудбал.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Кукуловски: „Со дисциплина во напад и одбрана – до нова победа!“

По европскиот предизвик против Целје, ракометарите на ГРК Охрид се насочуваат кон нов натпревар во плеј-офот, овојпат против тимот на Бутел. Густиот распоред...

Трета лигаФудбал

ФК Венец за мечот со Превалец: „Ова не е победа, туку горчлив доказ дека вредностите се нарушени“

Само 12 минути се играше натпреварот во Долни Дисан меѓу Венец и Превалец, кој при резултат од 2:0 беше прекинат откако гостинската екипа...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Додев: Во добра серија сме, играме добро, очекуваме победа против Струга Трим Лум

Силекс заостанува седум бода зад третата позиција на табелата, но денеска таа...

Прва лигаФудбал

Компаоре: Им должиме добар натпревар на нашите навивачи, се надеваме на победа

Струга Трим Лум денеска на домашен терен го пречекува Силекс и ќе...

Прва лигаФудбал

Мислими: Во Тетово не чека најтежок натпревар – вистинска гладијаторска борба

Екипата на Башкими, по поразот од Струга Трим Лум и суспензијата на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!