Останати репрезентацииРепрезентација

Три медали за младите таеквондисти на ТК Корио на меѓународниот турнир во Малта

Сподели
ФОТО: Македонска таеквондо федерација
Сподели

Младите таеквондисти на македонскиот клуб Корио остварија одличен меѓународен успех на Е2 турнирот во Малта, освојувајќи три медали во јуниорска конкуренција – два златни и еден бронзен.

Најголем успех постигна Емилија Костовска, која го освои златниот медал во категоријата јуниорки до 49 килограми. Костовска до највисокото место на подиумот стигна со две убедливи победи од 2:0. Во полуфиналето беше подобра од Јелена Маринцел од Хрватска, додека во финалето ја совлада Марија Коукоусоуди од Германија.

Второто златно одличје за Корио го обезбеди Павел Јовановски во јуниорската категорија над 78 килограми. По слободното прво коло, Јовановски во финалната борба славеше против Џузепе Феранте од Италија и заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот.

До бронзениот медал стигна Михаил Анѓелевски во категоријата до 68 килограми. Тој најпрво забележа убедлива победа од 2:0 против Артуро Рејес од Шпанија, но во полуфиналето беше поразен со 2:1 во рунди од Абдалла Јахја Омар од Обединетите Арапски Емирати.

Со освоените три медали, младите натпреварувачи на ТК Корио уште еднаш го потврдија својот квалитет и успешноста на македонското таеквондо на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Три медали за младите таеквондисти на ТК Корио на меѓународниот турнир во Малта

Младите таеквондисти на македонскиот клуб Корио остварија одличен меѓународен успех на Е2 турнирот во Малта, освојувајќи три медали во јуниорска конкуренција – два...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Без поголеми промени, Шапе го објави списокот на одбојкари до 20 години за квалификациите за Евро 2027

Селекторот на машката одбојкарска репрезентација до 20 години, Јован Шапе, го објави поширокиот список од 20 одбојкари на кои ќе смета за втората...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Георгиевски го објави списокот на фудбалери до 15 години за двата дуели со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години ќе одигра два контролни...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Познати термините за баражот на Македонија против Кипар

По жрепката во Нион, УЕФА ги одреди и термините за одигрување на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!