Прва лигаФудбал

Тимовски: Играме добро и создаваме шанси, против Шкендија одиме по позитивен резултат

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

По серијата позитивни резултати, Силекс во минатото коло претрпе пораз на домашен терен од Вардар. Иако кратовскиот состав одигра добар натпревар, сепак, на крајот остана без бодови.

Сега пред Силекс следува нов сериозен предизвик, дуелот со Шкендија, кој ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Фудбалерот на кратовчани, Ангелче Тимовски, очекува неговиот тим да продолжи со добрите игри и верува дека овојпат квалитетната претстава ќе биде крунисана и со позитивен резултат, за да не се повтори сценариото од натпреварот со Вардар.

„Силекс, како и на секој натпревар, и на овој оди на позитивен резултат. Шкендија добро ја познаваме, ја анализиравме и мислам дека, ако ги исполниме задачите на тренерот, ќе дојдеме до посакуваниот резултат. Имавме добра серија, победивме неколку натпревари. Поразот од Вардар ни дојде како шлаканица која не беше заслужена. Постигнавме и два гола кои беа поништени, имавме и неколку шанси. Играме добро, создаваме шанси и мислам дека со Шкендија ќе одиграме пред сè добар натпревар и ќе дојдеме до посакуваниот резултат“, изјави Тимовски.

Околу тоа што натпреварот се игра на Националната Арена во Скопје, Тимовски додава:

„Терен како терен, играш на најдобриот стадион во државата. Можеби дополнителен мотив е и тоа што ја победивме Шкендија во финалето на Купот на тој стадион. Мотивација кај нас ќе има сигурно, останува само да одиграме еден добар меч и да дојдеме до добар резултат“, рече Тимовски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Три медали за младите таеквондисти на ТК Корио на меѓународниот турнир во Малта

Младите таеквондисти на македонскиот клуб Корио остварија одличен меѓународен успех на Е2 турнирот во Малта, освојувајќи три медали во јуниорска конкуренција – два...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Без поголеми промени, Шапе го објави списокот на одбојкари до 20 години за квалификациите за Евро 2027

Селекторот на машката одбојкарска репрезентација до 20 години, Јован Шапе, го објави поширокиот список од 20 одбојкари на кои ќе смета за втората...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија против Силекс ќе цели кон нови три бода

Шкендија се враќа на фудбалските обврски по двонеделната пауза поради репрезентативните настапи,...

ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две...

ФудбалЧетврта лига

Горски слави триумф над Плавник, Форца Нова убедлива, минималец за лидерот Раштани Спорт

Осмото коло на Општинската фудбалска лига на Велес донесе погодоци на сите...

ФудбалФутсал

ПРОЕКТ НЕ ЗНАЕ ЗА ПОРАЗ! Шампионот ја покори и Форца, Јосифово слави – шест од шест и моќна порака во битката за одбрана на двојната круна!

Неверојатна победничка серија има македонскиот футсал шампион Проект, вечерва во Гевгелија тимот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!