Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две минимални победи, еден убедлив триумф со осум гола, а еден меч заврши без победник.
Бујковци со голот на Валентино Трајковски славеше минимална победа над Бунарџик од 0:1, со ист резултат Зелениково на домашен терен го доби Долно Коњари, со несреќниот автогол на Белмин Цамиќ.
Маџари Солидарност со двата гола на Зоран Тасески славеше над Победа на домашен терен.
Гоце Делчев и Петровец ги поделија бодовите играјќи 1:1. Домашниот тим преку Филип Трпески имаше 1:0 на полувреме, а на стартот од вториот дел Далибор Тодоровски погоди за конечни 1:1.
Кадино на домашен терен со 8:2 го декласираше Ускуп. Четири гола постигна Петар Попоски, двоен стрелец беше Мартин Страхињиќ, а по еден гол постигнаа Виктор Бошковски и Давид Младеновски.
За гостинската екипа стрелаа Убејд Алију и Онур Кубур во првиот дел.
Бујковци е лидер на табелата со 25 бодови, Маџари е втор со 22 бода, а пак Петровец е трет со 21 бод, а дното е без бодови Ускуп и Маџари.