Лидерот во Втората футсал лига вечерва го доживеа првиот сезонски пораз откако загуби во Кочани од Фудбал Старс Ауто Велт, меч кој понуди дури 18 гола за славје на кочанчани од 12:6 во рамките на шестата рунда.
Дури двајца играчи во домашниот тим се истакнаа со по три гола, Трајче Маринковски и Борис Донев постигнаа вкупно шест гола, двојни стрелци беа Славчо Јованов и Дејвид Иванов, а пак Ѓорги Зашев и Мартин Димитров постигнаа по еден гол.
Кај гостинот во првиот дел стрелаа Фуркан Ќани и Бурим Касами, а во вториот дел стрелци беа Енис Ибраими, Мартин Миленкоски, Бранко Ѓуровски и Бујамин Асани.
Балкан вечерва го освои Штип откако го доби дербито со Мал Ајакс со резултат од 7:5, тоа беше дерби на двата лански прволигаши.
Ангел Белчовски и Давид Тошев беа двојни стрелци за штипјани, а еден гол беше дело на Теодор Наков. За гостинот двојни стрелци беа Кристијан Димковски и Пајтим Реџепи, а по еден гол постигнаа Умерфарук Сулејмани, Јусуф Сулејмани и Фестим Балиќи.
Претходно, како што објави Спортска Мрежа, Кратово славеше над Победа, а пак Црна Река беше убедлива над Шутка 1, во оваа коло слободна беше екипата на Овче Поле.