Ракомет

Вардар доби француски предизвик: Монпелје стои на патот до Ф4 во Европската лига

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Македонскиот ракометен гигант Вардар 1961 го доби противникот во четвртфиналето од ЕХФ Европската лига, откако францускиот Монпелје обезбеди пласман меѓу најдобрите осум екипи.

Иако Монпелје загуби на гостувањето кај Елверум со 35-31 во реваншот, високата победа од првиот натпревар (36-24) се покажа како клучна за францускиот тим, кој со вкупен резултат сигурно го завери местото во четвртфиналето.

Така, „црвено-црните“ ги очекува тежок двомеч против искусниот европски ривал во борбата за пласман на завршниот турнир (Ф4) во ова натпреварување.

Првиот натпревар меѓу Вардар и Монпелје е закажан за 28 април, додека реваншот ќе се одигра на 5 мај, кога ќе биде познат и патникот меѓу најдобрите четири екипи во Европската лига.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид останува на врвот, Пелистер и Работнички израмнети, Тетекс со голем скок, тешка борба за бегство од опасната зона!

Осмото коло на Втората лига направи промени на врвот од табелата, резултати кои најмногу им одговара на дел од екипите во горниот дел...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен останува на врвот, шампионот Скопје втор со бод помалку, промени на средината од табелата, Кочани на дното

Деветтото коло на Првата женска фудбалска лига донесе промени на табелата со што некои екипи напредуваа, а некои се спуштија некоја позиција подолу....

Поврзани написи
Ракомет

Охрид броеше до 42 против Мулти Есенс за петта суперлигашка победа!

ГРК Охрид продолжува со сигурни настапи во домашното првенство. Актуелниот освојувач на...

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми...

Ракомет

Бутел ја испушти победата во Хрватска, Горица се спаси со пресврт во финишот  

Ракометарите на Бутел Скопје пропуштија можност за позитивен резултат на гостувањето кај...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!