Останато

Ѓорческа со победа стартуваше на ВТА 125 турнирот во Мадрид

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја мина првата пречка на ВТА 125 турнирот во Мадрид откако денеска ја победи Јапонката Сара Саито со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4) за 90 минути игра. Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Русинката Алина Корнеева (осма носителка), која со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3) ја победи Шпанката Марија Гарсија.

На стартот од денешниот меч Ѓорческа и Саито загубија по два гема на свој сервис, а потоа македонската тенисерка дојде до предност од 4:3. Саито намали на 5:4 во гемови, но во следниот гем Ѓорческа по 14 одиграни поени ја искористи четвртата брејк-топка и поведе со 1:0 во сетови. Во следниот сет до 3:2 за Ѓорческа немаше брејк, а потоа во следните пет гема ниту една тенисерка не успеа да освои гем на свој сервис, а притоа Ѓорческа на свој сервис во деветтиот гем не ја реализираше првата меч топка. Но, во последниот гем на сервис на противничката на сигурен начин дојде до потребниот гем и го доби и вториот сет со 6:4.

Наградниот фонд на турнирот е 100.000 евра.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...

Поврзани написи
Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!