Останато

ВИДЕО: Министерството за спорт најавува два големи спортски настани

Сподели
Сподели

Под покровителство на Министерството за спорт, во наредниот период во Македонија ќе се оджат два големи спортски настани – од 21 до 29 април, Скопје ќе биде домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци, а на 27 април стартуваат  „Плазма спортските игри за млади“ во рамките на кои ќе се реализираат натпревари низ 11 градови во државата.

Овие два настани кои се особено значајни за развојот на младинскиот спорт, Министерството за спорт ги реализира во соработка со Федерацијата за училишен спорт на Македонија.

-Министерството за спорт како институција што стои посветено зад младите и нивниот развој има јасна цел – да создадеме безбедна, поддржувачка и мотивирачка средина во која секое дете и секој млад човек ќе може да напредува преку спортот. Ова се две масовни спортски манифестации кои значат шанса за младите и промоција на спортот, но и промоција на нашата земја, на нашата спортска култура и на младинскиот потенцијал кој го поседуваме – истакна Илија Ристески од Министерството за спорт.

На Светското училишно првенство во ракомет се очекува да настапат околу 1000 млади ракометари и ракометарки – средношколци на возраст до 18 години од целиот свет. Организацијата на ова првенство претставува признание за заложбите на Министерството, спортот да биде во секојдневието на младите преку училишниот систем.

Македонија годинава официјално се приклучи на платформата „Спортски игри за млади“ со што се отвора ново поглавје во развојот на младинскиот спорт. Оваа најголема младинска спортска манифестација во Европа веќе 30 години организира спортски натпревари за деца од 6 до 18 години во кои досега учествувале над 3.440.000 учесници.



Натпреварувањето опфаќа десет спортски дисциплини (мал фудбал, одбојка, одбојка на песок, ракомет, кошарка 3х3, тенис, пинг-понг, шах, атлетика – трки на 60 метри и граница) за момчиња и девојчиња. Во Македонија натпреварите ќе се одржуваат во април, мај и јуни 2026 година преку 18 спортски денови во Охрид, Струмица, Битола, Тетово, Куманово, Штип, Кичево, Кавадарци, Прилеп, Кочани и Скопје, во неколку скопски општини (Центар, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Чаир и Сарај). Во нив ќе бидат вклучени училиштата и локалните заедници низ целата држава, со поддршка од националните спортски федерации. Најдобрите поединци од регионалните натпревари ќе настапат на финалниот државен натпревар, а најуспешните потоа ќе ја претставуваат Македонија на Меѓународната завршница на Игрите во Сплит, каде што неколку дена ќе се дружат и ќе се натпреваруваат со врсниците од земјите што се вклучени во проектот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!